Опаѓањето на крипто цените не го спречува вистинскиот напредок на блокчејн

Пол Броди е глобален иновативен лидер на EY за блокчејн. Ставовите изразени во статијата се негови.

Опаѓачката  вредност на криптовалутите во 2018-та година и колапсот на пазарот на money-for-nothing бели книги во ICO минатата година, го преземаа голем дел од фокусот на многу луѓе кога станува збор за размислувањата околу блокчејн.

Сета таа драма на пазарот, сепак, скри огромна количина на вистински напредок за технологијата која, полека, но сигурно, ќе ја постави основата за силно заживување на блокчејните пазари во иднина.

Во текот на минатата година, пазарот обезбеди многу драма поврзана со ICO. Речиси една четвртина од сите ICOs од 2017-та година го изгубиле поголемиот дел од нивната вредност, а пазарот како целина се намалил за речиси две третини.

Првата половина на 2018-та година не беше подобра. Секој месец имаше скоро 1.000 ICOs, но само 5% од нив собраа повеќе од 1 милион долари – со еден, ЕОS, кој собра околу 4 милијарди долари.

Не само што поголемиот дел од собраните пари одат во многу мал број на ICO, но речиси секој аспект од светот на блокчејн исто така стана поконзистентен и, како што се осмелувам да кажам, е централизиран, во 2018-та година – прилично контраинтуитивна за блокчејн, бидејќи децентрализацијата е во неговото јадро.

Јавните блокчејни се консолидираат

Според една студија од EY која ги испитувала напредокот на ICOs и инвестициите, ethereum, која е доминантна платформа и ја покажува највисоката активност меѓу девелоперите и социјалните медиуми, стана уште подоминантна, со повеќе од 95% од сите ICOs и фондови собрани.

Пазарот на берзите исто така брзо се консолидираше, со 73% од дневниот обем на тргување во првата половина од годината, што го направија првите 10 берзи. Иако бројот од целата година допрва треба да се апдејтира, тој тренд се чини дека ќе продолжи.

Најголемите берзи ги консолидираат своите позиции делумно со брзо зреење на нивните процеси и пристап кон регулаторната усогласеност. Процедурите know-your-customer се затегнуваат и многу од големите берзи се, или наскоро ќе бидат ревидирани од страна на некои од главните организации за финансиски услуги (вклучувајќи ја и EY). Овие исти берзи ја зајакнуваат нивната безбедност, со помалку кражби во 2018-та година отколку во 2017-та година.

Друг голем тренд минатата година во светот на јавни блокчејни беше порастот на популарноста на stablecoins од сите видови, главно соновани врз fiat валути. Додека stablecoins нудат некои предности, вклучувајќи ја и стабилноста, тие го подигаат единственото најважно прашање што останало за јавните блокчејни: зошто се корисни?

Внесот на пари во stablecoin е корисен бенефит ако се работи за инвестиции или купувања како начин да се избегне нестабилноста, но тоа не е многу добра инвестиција сама по себе. Целта на капиталните пазари е да го распределат капиталот на продуктивни цели и, барем за момент, тоа не изгледа дека се случува. За јавните блокчејни во 2019-та година, ова е единственото најважно прашање.

Приватните блокчејни си ја вршат работата

Додека јавните берзи ја зацврстуваа нивната застапеност на пазарот, приватните блокчејни стануваат успешни преку обезбедување вистинска деловна вредност за претпријатијата. Во EY, голем број системи влегоа во производствен статус, вклучувајќи го и нашето решение за лиценцирање на софтвер со Microsoft и заедничко вложување со поморското осигурување со Maersk и Guardtime.

Гледајќи ја сферата на претпријатија, постојат три клучни учења од работата со блокчејн во 2018-та година.

Прво и најважно, се чини дека најголемото правило во блокчејн е: “Ако не е скршено, не го поправаме.” Повторно и одново, кога компаниите работат на проекти каде што блокчејнот се чини одлично одговара, тие не се движат напред, бидејќи тие веќе нашле решение за нивниот проблем. И покрај фактот дека блокчејн во речиси секој случај би бил подобар, тоа не е доволно за да се изправи замена на веќе постојните процеси, со оглед на трошоците и ризикот.

Второ, и многу тесно поврзано со првото учење, е приматот за решавање на вистински проблеми. Додека главни службеници за иновации понекогаш сакаат да прават блокчејн proofs of concept, технологијата е далеку од тоа. Се е во фокусот на производството и решавањето на проблеми за line-of-business директори – со вистински ROI. Ако некој може, со сигурност, да укаже на ROI од решение, тогаш нема потреба да се грижите за тоа која блокчејна платформа или иднина ќе дојде. Постои  инвестициска добивка, без оглед на се.

Конечно, и можеби најважно, јасно е дека компаниите му даваат приоритет на работењето пред финансирањето. Додека следењето на производи и средства додека се движат низ синџирот на снабдување е корисно, има многу финансиски услуги кои можат да додадат вредност, од едноставниот пристап “плаќање по испорака” до комплексни услуги како факторинг побарувања и финансиската трговија.

Меѓутоа, во повеќето случаи, компаниите сакаат да постигнат доверба во своите оперативни системи пред да ја затворат јамката со плаќања и финансиски услуги, предизвик со кој ќе започнат да се занимаваат на почетокот на 2019-та година.

Leave a comment