Од Русија до Македонија: како криптовалутите се регулираат во Источна Европа

На 30-ти јуни, Русија ја лансираше првата крипто-инвестициска банка, чија цел беше во неа да се вршат првични монетарни понуди (ICOs), додека од владата се чекаше да ја усвојат нивната крипто и блокчејн регулатива оваа недела.

Во меѓувреме, доаѓаат нови вести од Источна Европа: минатата недела Полската крипто-валутна група Биткоинска Асоцијација на Полска (PBS) се пожали на владата обвинувајќи 15 финансиски институции во земјата за попречување на крипто-индустријата со намерно одбивање на услуги за крипто-платформи и селективно затворање на нивни банкарски сметки.

За да се движите низ комплексноста на крипто-регулацијата во регионот, еве еден краток водич што ги опфаќа поголемиот дел од источно-европските земји, од Русија па се до Македонија.

Листата подолу се заснова на темелно истражување низ разни вести, но на ниеден начин не треба да се смета за комплетна. Ако имате подетални информации за банките и во врска со криптовалутите во вашата земја, ве охрабруваме да ги споделите во делот наменет за коментари.

Русија

Регулации

Руската влада поседува мешан став за биткоин и криптовалути, предлагајќи закон да го забрани целосно, а потоа ги повлече тие изјави. Меѓутоа откако претседателот Владимир Путин ја објави својата одлука да започне крипто-регулација, беше воведен значаен предлог-закон кој неодамна го одобри Државната Дума, на својата прва седница. Документот се очекува да стапи на сила на 1-ви јули, иако треба да се појави официјална потврда.

Целите на иницијативата на документот се “минимизирање на постојните ризици од користење дигитални објекти за пренесување на средства во нерегулиранa дигитална средина за легализација на криминални приходи, стечајна измама или за спонзорирање на терористички групи” како што изјави за медиумите Павел Крашениников од водечката политичка партија Edinaya Rossia (Обединета Русија) и шеф на комитетот за законодавна работа.

Предлог-законот е киритикуван од страна на локалните експерти. Така, Игор Судец, член на експертската комисија на Думата за дигитална економија и блокчејн, дури изјави дека “никој нема да сака” да започне со ICO во Русија откако документот ќе биде целосно одобрен. Претходно, законот предлага никој да не може да инвестира повеќе од 50.000 рубљи (околу 810 долари) во еднo ICO. Иако овој лимит е прешкртан со од тековната верзија на документот, иднината на ICO во Русија се уште не е јасна. На 24-ти мај, Sberbank, најголемата државна банка во земјата, и Националниот депозитар за подмирување (NRD), ја лансираа првата пробна официјална Руска ICO користејќи ја Банката на Русија, која треба да објасни како ќе изгледа ICO пазарот во земјата. Слично на тоа, на 30-ти јуни Qiwi Blockchain Teсhnologies (QBT), подружница на Рускиот водечки добавувач на платежни услуги Qiwi, наводно започнал со крипто-инвестициска банка наречена “HASH”, која ќе послужи како платформа на ICO. Според главниот финансиски директор на QBT (CFO), компанијата веќе работи со десет такви фондови, од кој најголемиот има промет од околу 100 милиони долари и ќе започне да обезбедува услуги за крипто-тргување почнувајчи од следната година, откако ќе ја добие потребната лиценца.

На тој начин, ако претходно споменатиот крипто-закон стапи на сила, и криптовалутите и токените сочинуваат еден имот, со неколку клучни разлики помеѓу криптовалутите и токените како тоа дека за токените има еден единствен издавач а повеќемина за криптовалути. Покрај тоа, ќе се постават нови цели за тие што фармаат крипто: ако на некој сметката за електрична енергија ја надминува нормата, нивното фармање ќе се смета за деловна активност, која пак треба да се регистрира кај релевантните власти. Конечно, законот потврдува:

“Дигиталните финансиски средства не претставуваат легален начин на плаќање на територијата на Руската Федерација.”

Блокчејн

Очигледно, Русија има големи планови за оваа технологија.Во 2017-та година, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (SPIEF), првиот заменик премиер Игор Шувалов ги искажа јасно амбициите на земјата во врска со блокчејн:

“Блокчејн ни е сега број еден задача. Претседателот целосно се зарази со оваа идеја и разбира дека […] значителните стапки на раст  се базираат на дигиталната економија и технолошкото раководство.”

До крајот на годинава, Русија официјално ја заврши својата прва владина блокчејн имплементација, како што државната Sberbank се здружи со федералната антимонополска служба на Русија (FAS) за спроведување трансфер и чување на документи преку оваа технологија.

На 16-ти мај, Sberbank наводно ја спроведе првата блокчејн трансакција на комерцијални обврзници во земјата. Трансакцијата беше завршена во партнерство со MTS, главен Руски оператор за телекомуникации и Националниот депозитар (NSD).

Полска

Регулации

Полска официјално го признава тргувањето и фармањето на криптовалути. Сепак нејзините ставови кон крипто се префрлија од прогресивни кон скептични поради сомнителни државни антикрипто кампањи на социјалните медиуми.

Односот на државата со криптовалути започна уште во 2013-та година, кога на одржаниот семинар на Варшавскиот факултет за економија (Szkoła Główna Handlowa) во врска со законитоста на биткоин, Полското Министерство за финансии наводно изјави:

“Она што не е забрането е дозволено. Сепак, ние не можеме да го сметаме биткоин за легална валута.”

Подоцна во 2015-та година, Полското Министерство за финансии издаде соопштение во врска со потенцијалното регулирање на крипто во земјата. Се претпоставува дека промените може да се синхронизираат со тие на ЕУ или да се воведат посебно, доколку ситуацијата изгледа итна. Во документот се вели:

“[Секоја регулаторна акција] треба да се превземе или како резултат на  иницијативи на ЕУ, во поглед на прекуграничната природана бизнисот или како резултат на закана од неуспех на крипто-пазарот.”

Во 2016-та, се чинеше дека владата се потпрела на толерантен пристап. Централниот завод за статистика на Полска (GUS) изјави дека трговијата и фармањето на виртуелни валути сега се смета за “официјална економска активност”, a компаниите кои се вклучени во оваа област ќе можат да добијат официјална регистрација.

Meѓутоа, на 15-ти февруари, NBP (Националната банка на Полска или Централна Банка) призна дека финансира сомнителна “едукативна кампања” и ангажирала локален Јутуб блогер за анти-крипто агенда. Друга Полска финансиска мониторинг група, Управа за финансиска супервизија (KNF), неодамна одлучи да спонзорира повеќе од овие кампањи за социјални медиуми.

Сепак, Полското Министерство за финансии, неодамна вети дека ќе го врати данокот за крипто во замена за попаметна регулатива. Полската биткоин асоцијација (PBA) веќе испрати формална жалба до Управата за конкуренција и заштита на потрошувачи (OCCP), тврдејќи дека локалните банки намерно ги одбивале услугите на криптовалутни субјекти и селективно ги затвориле сметките на најмалку 25 бизниси поврзани со крипто. Во соопштението стои:

“Намерата од дејствата на банките  јасно се гледа дека е стремеж кон отстранување на субјектите од виртуелната валута на пазарот, и покрај фактот што таквите активности се законски и се одвиваат достоинствено…Со оглед на горенаведеното, потребно е дејствување на регулаторите и ова известување и неговите барања се потполно поткрепени.”

Блокчејн

Полска се покажа доста про-блокчејн. Така во јануари 2018-та година, Полскиот блокчејн технолошки акцелератор (PATB) откри дека еден од неговите тимови работеше на развојот на национална дигитализирана криптовалута во земјата,  дигиталниот Złoty, dPLN. Кристоф Пјех, основач на dPLN, потврди на Cointelegraph дека нивниот проект е базиран на блокчејн.

Покрај ова, во март една голема Полска банка, PKO Bank Polski, го објави своето партнерство со блокчејн компанијата Coinfirm за да обезбеди систем за складирање и верификација на банкарски документи базирани на DLT преку алатка наречена Trudatum. Конечно во мај, Полската кредитна управа – Biuro Informacji Kredytowej (BIK), се здружи со Британската технолошко-финансиска фирма Bilon, за спроведување на блокчејн  за складирање на податоците на корисниците.

Украина

Регулации

Во 2014-та година, во време на политички немири, бизнисменот по име Мајкл Чобаниан ја отвори првата агенција на Украина која овозможува размена на Hryvnia – националната валута – за Биткоин. Тој го објасни својот потег, велејќи:

“Не постои закон или ред во земјата, и на тој начин нема регулирање. Екс-претседателот Виктор Јанукович и неговото семејство имаа интерес за пазарот за електронски плаќања и ја злоупотребија својата моќ да монополизираат и да забранат некој да влезе во него. Сега веќе Јанукович го нема. Токму сега Украина е рај за криповалентност – никој не може и нема да ве спречи.”

Неодамна бидејќи работите значително се смирија (барем во поголемиот дел од земјата) почнаа да се појавуваат извештаи што укажуваат на тоа дека Украина подготвува нацрт-закон за легализација на криптовалути. Во јануари 2018-та година, Украинскиот совет за безбедност одржа состанок каде што “ се зборуваше за комплексноста на проблемите поврзани со неконтролираната циркулација на криптовалути” во земјатa.

Понатаму на 15-ти мај, Алексеј Мушак, член на Украинскиот парламент, се обрати преку Фејсбук со линк од копијата на нацрт-легислативниот документ на Google Docs, барајќи од крипто-ентузијастите да коментираат за условите на прописите предложени за крипто-пазарот:

“Ние одиме до толку далеку што создаваме услови за дигитални токени и криптовалути во Украина. Ова е резултат на многу состаноци и работа на многу луѓе. Постојат многу повеќе проблеми кои треба тек допрва да се средат. Финалната верзија ќе биде готова за две недели.”

Украинската влада, исто така, се осврна на крипто како средство за нелегални активности, како што е трговијата со оружје. Во ноември, локалната полиција изврши рација на квазарската полупроводничка фабрика во Киев, каде што беше лоцирана голема операција за фармање. По конфискацијата на опремата, извршната власт објави дека пронашла врски со руските банки и тврди дека профитот, наводно, бил користен за спонзорирање на сепаратистите во регионите на Донецк и Луганск.

Слично на ова, еден месец претходно, вооружени мажи од Украинската Служба за безбедност, влегоа во канцелариите на ForkLog во Одеса, главната новинска страница за крипто на руски јазик, и ги запленија нејзините компјутери и хард дискови, тврдејќи дека користат криптовалути за финансирање на сепаратистите во Донбас.

Блокчејн

Додека Народната банка на Украина (NBU) во јануари изјави дека “размислува” за воведување на дигитална верзија на националната валута Hryvnia, што не е заснована на блокчејн, тие исто така истакнаа дека можноста за засновање на предложената е-Hryvnia на блокчејн е сè уште под дискусија.

Одделно, во август 2017-та година, Агенцијата за е-управување на земјата, започна на тест план за продажба на имот на странски изнвеститори на блокчејн. “Нашата амбиција е Украина да биде една од најистакнатите земји во светот во воспоставување на сеопфатен блокчејн екосистем, а секторот на недвижности претставува важен дел од нашата целосна блокчејн стратегија.”  Изјави директорот на агенцијата Александар Риженко во соопштението за печатот.

Претходно, Bitfury Group го објави своето партнерство со Украинската влада, со цел да донесе голем број на блокчејн решенија за нивните електронски услуги. Исто така, Украина наводно, беше домаќин на првата аукција на државно ниво кое се базираше на блокчејн.

Белорусија

Регулации

Во декември, Белорускиот претседател Александар Лукашенко, формално потпишал “супер-либерален” закон, кој ја сигнализираше државната поддршка кон блокчејн и криптовалути. Декретот ги легализира бизнисите кои се основаат на блокчејн, како и сите активности поврзани со криптовалути и дигитални токени. Така, за разлика од другите земји кои го регулираат криптото со поставување на ограничувања врз него, Белорусија не ги третира фармерите на крипто и неговото менување како “деловни активности”. Затоа, тие не плаќаат задржан данок. Според клаузулата 2.2 од декретот:

“Физичките лица имаат право да поседуваат токени, и имајќи ги предвид специфичните карактеристики утврдени со овој декрет, можат да ги извршуваат следниве операции: фармање, складирање на токени во виртуелни wallets, размена на токени за други токени, нивно стекнување, менубање кон белоруски рубљи, странска валута, електронски пари, а исто така и за донирање и зачувување на токени.”

Како додаток, Белорусија обезбедува долг даночен одмор, бидејќи декларирањето на приход од криптовалутните операции е незадолжителен до 1-ви јануари 2023-та година.

Голем дел од декретот се врти околу една економска зона наречена High-Tech Park (HTP), локална верзија на Силиконската долина, која има за цел да стане Мека на операторите за криптовалентност во земјата. Сепак, Cointelegraph претходно објави дека Белоруските банки во моментов немаат инфраструктура за справување со криптовалути, што го прави постоењето на HTP малку бесмислено во моментов.

Естонија

Регулации

Додека Естонија става силен акцент на развивањето и поддршката на крипто-технологиите, пристапот на државата кон криптовалути се чини дека е потрадиционален. Во 2016-та година, Врховниот суд на Естонија прогласи посредување на биткоин како економска активност која е предмет на надзор за перење пари. Тоа значи дека сите страни вклучени во крипто треба да ги следат процедурите на AML и KYC. Понатаму, Естонскиот орган за финансиска супервизија (EFSA) тврди дека токените, во зависнот од нивната структура, може да се сметаат за хартии од вредност.

Блокчејн

Естонија работи на голем проект за дигитализација. Во 2014-та година, достигна ново ниво, по владиното спроведување на програма за е-резиденција. Во суштина, било дозволено секој поединец од целиот свет да поднесе онлајн апликација и да стане виртуелен Естонски државјанин. Како дигитални граѓани, тие добиваат пристап до онлајн платформите врз кои се темели економијата на Естонија и на истите онлајн јавни услуги што ги користат домашните граѓани.

По усвојувањето на блокчејн, за возврат, и овозможи на Естонија да воведе онлајн систем за гласање на национални избори, дозволен само за физичките жители. Земјата исто така е вклучена во разни проекти за јавни услуги кои се потпомагани со блокчејн, вклучувајќи ги и здравствени услуги.

Естонија, исто така, веќе некое време размислува за отварање на сопствена дигитална валута, наречена Estcoin. Идејата беше воведена од претседателот на естонската програма за е-резиденција, Каспар Корјус. Валутата, меѓу другото требаше да им помогне на Естонските граѓани да ги заведат своите документи од каде било во светот. Сепак, откако вестите стигнаа до Марио Драги, претседателот на Euro Central Bank, тој брзо посочи дека државната валута не функционира во рамките на еврозоната. Тој истакна:

“Ниедна земја-членка не може да воведе сопствена валута; валутата на еврозоната е еврото. “

По изјавата на Драги, владата на Естонија, наводно, го запрела развојот на Estcoin.

Летонија

Регулации

Криптовалутите не се признаваат како законско средство за плаќање во Латвија. Во 2017-та година, раководителот на Одделот за системски плаќања во Central Bank на Летонија, наводно, тврдел дека “криптовалутите не се способни ефикасно да ги извршуваат функциите на парите”, барајќи од корисниците да ги игнорираат.

“Сè уште сметаме дека криптовалутите се неспособни ефикасно да ги извршуваат функциите на парите и да бидат договорни средства за плаќање. Latvijas Banka ги повикува финансиските институции и физичките лица да го избегнат ангажманот во активности со нив”.

Сепак, државата во иднина може да започне да наплаќа данок на капитални добивки за крипто трансакции, објави официјален претставник на Министерството за финансии минатиот месец. Стапката на данок на капитални добивки во земјата во моментов изнесува 20 проценти. Планот, сепак, ќе бара промена на тековните закони за оданочување на Летонија.

Регулативата за криптовалутите исто така беше дискутирана и во Летонскиот парламент. Комисијата за финансии и пазарен капитал (FCMC) истакна дека трансакциите и инвестициите поврзани со криптовалутите се екстремно ризични.

Владата на Летонија, формира работна група до јули би требало да излезе со предлози за тоа како криптовалутите може да се регулираат.

Блокчејн

Летонија е дел од Memorandum of Understanding (MOU), коалиција помеѓу министерствата на Естонија, Летонија и Литванија, со цел проширување и развој на нивните економии. Акциите вклучуваат промоција на блокчејн за поттикнување на иновациите на капиталните пазари.

Дел од MOU вели:

“Естонското, Летонското и Литванското министерство ја признаваат важноста на развојот на пазарниот капитал и потребата од посилна институционална рамка за справување со прекуграничните предизвици на балтичките земји. […] И поддршката за развојот на иновациите на пазарниот капитал и новите технологии, со обрнување на внимание на регионалните решенија на Fintech, на пример дистрибуираната ledger технологија.”

Литванија

Регулации

Националната банка на Литванија, наводно, почнала да размислува за криптовалути, иницирајќи дијалог меѓу комерцијалните банки, владините регулатори и крипто-трговците. За таа цел банката одржа еден крипто-состанок.

Еден од учесниците, Екатерина Говива, координатор на fintech стратегијата на Литванската банка изјави:

“Неопходно е банките да разговараат со оние кои извршиле ICO или оние кои ги конвертираат криптовaлутите во конвенционални пари. Дијалогот е воспоставен и останува да се види каде ќе нè води”.

На 10-ти октомври 2017-та година, Централната банка на Литванија издаде документ за појаснување на својата позиција кон ICOs и криптовалути. Во него таа изјавила дека учесниците на финансиските пазари треба да ги одвојат своите финансиски активности од оние поврзани со виртуелната валута.

Сепак, според The Baltic Times, иако Централната банка на Литванија бара “јасна поделба” помеѓу традиционалните финансиски услуги и активностите поврзани со крипто, банката “ќе издава лиценци поевтино и брзо” – очигледно за ICO – како и да ги прифаќа барања за лиценца на англиски јазик, како дел од нејзината цел да стане “European fintech hub”.

Блокчејн

Литванија е дел од MOU, коалиција помеѓу министерствата на Естонија, Летонија и Литванија со цел проширување и развој на нивните економии. Акциите вклучуваат промоција на блокчејн за поттикнување на иновациите на пазарниот капитал.

Чешка

Регулации

Чешка се чинеше дека се потпрела на либералниот пристап кон криптовалутите. Така, во 2017-та година Чешката национална банка тврдеше дека криптовалутите не претставуваат закана за конвенционалниот банкарски систем. Агенцијата објави соопштение насловено како “Не плашете се од биткоин”, каде што тврдеше дека fiat валутите се уште се најпогодни за трговија, а традиционалниот монетарен систем не може да биде маргинализиран од криптовалутите, бидејќи тие немаат исти нивоа на ценовна стабилност.

Сепак, до крајот на 2017-та година, Министерството за финансии воведе закон за спречување на перење пари, ограничувајќи го биткоин. Предлог-законот бара платформата за крипто-размена да го открие идентитетот на клиентите, така што тие повеќе нема да можат да се кријат зад лажни имиња или прекари. Министерството за финансии тврди дека виртуелната валута може да биде поврзана со криминална активност и даночна измама.

Хрватска

Регулации

Во моментов, биткоин и altcoins не се законски тендер во Хрватска, но можат да бидат законски искористени. Наводно, постои данок на капитални добивки за криптовалутите (12 проценти и дополнителен данок од 18 проценти за Загреб), но нема јасни официјални насоки за тоа како треба да се платат.

Сепак, работите најверојатно ќе се променат во блиска иднина. Во февруари се појави саморегулаторна организација наречена Хрватско здружение за блокчејн и криптовалентност (UBIK). Неговата цел е да создаде крипто заедница, да ја едуцира јавноста и да помогне во развојот на регулативите во Хрватска.

Управниот одбор на UBIK се состана со Централната управа за даночна администрација во Хрватска за да разговара за прашањата што го опфаќаат оданочувањето на крипто како капитална добивка, прописите на ICO и бизнисот на крипто-фармање на компаниите. Наводно, владината агенција покажала подготвеност отворено да учествува во изнаоѓањето решенија.

Блокчејн

Никола Шкориќ од UBIK, тврди дека компаниите кои се основаат на блокчејн и во кои Загребската берза има акции, треба да користат законски ентитети во Естонија, за разлика од Хрватска, поради недостаток на јасна крипто законодавна власт во нивната земја:

“Ние сакаме вашите стартапи да бидат регистрирани како Хрватски компании и собраниот капитал да доаѓа директно во Хрватска, да се прошири базата на податоци на експерти кои можат да работат на оваа технологија, да се создаде збир на знаења и компетенции, […] да се зајакнат индустриите кои работат на блокчејн “.

Бугарија

Регулации

Правен статус на криптовалутите во Бугарија е нејасен. Според локален блог, Бугарската агенција за приходи изјавила дека личните приходи од тргување со виртуелни валути мора да бидат декларирани во годишната даночна пријава, при што данокот е 10 отсто, како и во случај на продажба на други финансиски средства.

Оваа година Бугарската полиција спроведе остри мерки против “OneCoin”, сомнителен altcoin кој се промовира себеси како “централизиран модел [кој] ја штити безбедноста на своите членови и обезбедува усогласеност со AML [anti-money laundering]”, иако не се вклопува во дефиницијата на криптовалута, бидејќи не е децентрализирана, не работи на софтвер со отворен код, и нема јавна книга. Полицијата изврши рација во канцелариите на OneCoin, лоцирани во Софија, на барање на обвинителството во Билефелд, Германија, при што беа одземени документи и сервери.

Претходно, на крајот од минатата година, Бугарската криминална служба и Центарот за спроведување на закони за Југоисточна Европа извршија прикриено апсење на подземна криминална мрежа, при што зазедоа доволно биткоин за да се покрие една петтина од Бугарскиот национален долг.

Словачка

Регулации

Назад во 2013-та година, Народната банка на Словачка изјави дека биткоинот “нема правни атрибути на валута”, и оттука не подлежи на нивниот авторитет. Неодамна, имаше повеќе вести за статусот на криптовалутите во земјата.

На почетокот од јануари министерот за финансии на Словачка, Питер Казимир, рече дека државата сака да почне да обрнува внимание на оданочувањето на криптовалутите. Министерството брзо реагираше, при крајот на март,  неколку дена пред крајниот рок за пријавување на 3-ти април, министерството издаде упатство со насоки, додавајќи дека “секој вид на размена, на пример, размена на виртуелна валута за средства” или “размена за извршена услуга или нејзин платен трансфер, вклучувајќи ја и размената за друга виртуелна валута” се смета за оданочена продажба, известува Bloomberg.

Оние што се обидуваат да го исполнат рокот за пријавување, наводно, добиле можност да аплицираат за продолжување на три месеци.

Словенија

Регулации

Во Словенија во моментот нема јасна регулација за криптовалути. Сепак, во октомври 2017-та година, словенечкиот Совет за финансиска стабилност издаде предупредување до Словенците, советувајќи ги да бидат претпазливи кога инвестираат во ICO и дигитални валути, бидејќи нема закони што ги регулираат тие области.

Блокчејн

Во октомври 2017-та година, владата на Словенија ги објави своите планови да ја позиционираат земјата како водечка дестинација за блокчејн технологијата во Европската Унија, истовремено проучувајќи ги потенцијалните апликации на технологијата во јавната администрација. Во својот говор на Digital Slovenia 2020 во средината на октомври 2017-та година, премиерот Миро Церар изјави дека регулаторните агенции и министерствата во земјата веќе го проучуваат блокчејн. Тој исто така тврдеше дека владата ја нуди својата целосна поддршка за технологијата.

“Словенија како целина, се поставува себеси како пријателска дестинација за блокчејн, и за таа цел ги поставува столбовите на националниот блокчејн екосистем во областа на трансферот и ширењето на информациите, усвојувањето на законските прописи и промоција на поддршка на животната средина за развој на компании кои работат во областа на блокчејн технологијата “.

Молдавија

Регулации

Народната банка на Молдавија (NBM) постојано ги предупредува Молдавците за ризиците поврзани со криптовалентност, вклучувајќи ги и загубите на пари поради проблеми со нестабилноста, ризиците од измама и сл. Според официјалната страна на NBM:

“Употребата на виртуелни пари не е регулирана во Молдавија. Криптовалутите не се форма на електронски пари во контекст на Законот за платежни услуги и електронски пари, а активностите за издавање на [digital coins] и извршување трансакции со нив не се контролирани од надлежните органи “

Блокчејн

Оваа година, Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) ќе започне проект базиран на блокчејн на Техничкиот универзитет на Молдавија со обновлива енергија финансирана од криптовалути, како што објави Reuters. Во суштина, иницијативата ќе им овозможи на луѓето да купуваат соларни ќелии користејќи SolarCoin, криптовалута што ја започнува блокчејн стартапот ElectriCChain, а потоа ги позајмува на универзитетот.

Покрај тоа, Молдавија планира да се бори против трговијата со деца, главен проблем во земјата, користејќи блокчејн. Во септември експертите за дигитална идентификација од U.N. Office for Project Services (UNOPS) и други локални жители се сретнаа за да дискутираат за можните начини на користење на технологијата за заштита на децата од експлоатација.

Така, блокчејн може да се користи за да им се даде на трговците безхартиени документи за лична идентификација врз основа на нивните биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти, што би било невозможно да се сменат. Јошиуки Јамамото, специјален советник на UNOPS за блокчејн, објасни:

“Ако сакаме да поставиме сигурен систем за управување со идентитетот, тој мора да се заснова на нешто непроменливо”.

Романија

Регулации

Првите биткоин банкомати се појавиле во Романија уште во 2014-та година. Тогаш, официјален претставник на Министерството за финансии рече: “Постои одредена преокупација со биткоин, но правната рамка е кратко време и по самото тоа ќе ја анализираме потребата за фискална “.

Очигледно, им требаа околу три години да излезат со подетален коментар: во 2017-та година, Илан Лауфер – Романскиот министер за животна средина, трговија и претприемништво – изрази доверба во криптовалутите, но посочи дека оваа областа треба да биде официјално регулирана:

“Тоа е предизвик за банкарскиот систем, бидејќи оваа област не е многу добро регулирана и верувам дека ова треба да се случи. Тоа е област во која циркулираат многу пари, но тоа е исто така нова технологија.”

Унгарија

Регулации

Не постојат јасни официјални упатства во врска со криптовалутите. Сепак, државата очигледно очекува корисниците на крипто да плаќаат даноци од фармањето и трговијата, и тие се одговорни да платат 22 проценти за здравствено учество и 15 проценти персонален данок на доход.

Во март 2017-та година, Унгарската влада требаше да усвои нов закон за кривично дело што ќе овозможи конфискување на виртуелните валути од осомничените, во согласност со меѓународните регулативи за спречување на перење пари. Предлог-законот беше критикуван од експерти, бидејќи тие сметаа дека ќе го легализираат масовниот надзор. Сепак, оттогаш немало вести за документот.

Блокчејн

Во февруари беше претставена Унгарската блокчејн криптовалута наречена Korona. Нејзините девелопери тврдеа дека 90 проценти од криптовалутите  се псевдо валути, додека Korona е всушност погодна за трансакции. Сепак, изгледа дека валутата не е национална, бидејќи тимот зад нее избра да работи во Швајцарија.

Србија

Регулации

Кон крајот на 2017-та година, цените на биткоин беа воодушевувачки, Српската Народна банка (NBS) предупреди дека тие кои тргуваат со него  да бидат свесни и за ризиците. NBS изјави:

“Виртуелните валути и биткоин, како еден од најпознатите, не се законски регулирани во Република Србија и не можат да се сметаат како начин на плаќање”

NBS, исто така, побара од Министерството за финансии да го изрази своето мислење со коментар. Министерството сепак молчеше за ова прашање.

Блокчејн

Постои група со седиште во Белград, наречена ‘Српска блокчејн иницијатива’ , која има за цел “да создаде средина во која може да напредува блокчејн технологијата”. Сепак, во моментов нема јасни информации за нивните достигнувања.

Албанија

Регулации

Се чини дека Албанската влада презема прилично негативен став за криптовалутите, бидејќи Централната банка објави соопштение во 2017-та година, каде што наведе голем број ризици поврзани со виртуелната валута и потврди дека нема регулативна рамка за тоа:

“Банката на Албанија нема лиценциран финансиски оператор чија активност вклучува употреба на виртуелни валути. Како резултат на тоа, секоја компанија која е вклучена во овие операции во Република Албанија не е лиценцирана и нејзината активност не е во согласност со регулаторната и надзорната рамка на Банката на Албанија. “

Македонија

Регулативи

Биткоин (и, очигледно, и други altcoins) е нелегален во Македонија. Во 2014-та година, гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, го нарече биткоин “меур”, додавајќи:

“Во Македонија, парите за правна помош и безготовински плаќања се денари. Платен промет со странство се врши од страна на банките. Затоа, трговијата и користењето на биткоин е нелегално”.

Leave a comment