Одделот за финансии на Дубаи лансираше платен систем базиран на блокчејн за владата на Обединетите Арапски Емирати

Одделот за финансии на Дубаи (DoF) се здружи со Smart Dubai Office (SDO) за да започне блокчејн систем за наплата. Веста беше објавена од страна на локалниот сајт Zawya на 23-ти септември.

Новата платформа, наречена “Payment Reconciliation and Settlement”, беше официјално отворена во неделата, на 23-ти септември. Таа, наводно, е насочена кон владини субјекти, како што е Дубаиската полиција, Управата за патишта и транспорт (RTA), Дубаиското здравство (DHA) и други.

Според Zawya, Дубаи DoF и SDO имаат намера системот да им обезбеди попрецизен и транспарентен процес на управување, како и да овозможи real-time во реално време во рамките и меѓу владините структури.

Како што известува Zawya, моменталните процеси за трансакции во Владата на Дубаи одземаат многу време, што бара до 45 дена да се заврши било која операција.

Новиот систем, наводно, веќе е во употреба од страна на Управата за електрична енергија и вода во Дубаи (DEWA) и Управата за знаење и човечки развој (KHDA), со вкупен број на тест-трансакции кој изнесува повеќе од пет милиони евра.

Д-р Аиша Бин Бишр, генерален директор на SDO, коментираше дека блокчејнот е “една од најмногу ветувачките [нови] технологии”.

Во 2017-та година, на групата SDO беа доделени врвни почести на Smart Cities Expo и Светскиот конгрес во Барселона, добивајќи ја наградата City Project од 308 други тимови за нивната блокчејн стратегија за Дубаи.

Проектот Smart City, наводно, беше воведен од потпретседателот и премиерот на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на емиратот во Дубаи Шеик Мохамед бин Рашид во 2013-та година. Поддржан од владата, приватниот сектор и институционалните партнери, целта на организацијата е да обезбеди паметен екосистем за соработка помеѓу владините субјекти, жителите и посетителите.

Smart Dubai не е единствената иницијатива поддржана од владата која има намера да ги примени големите нови технологии во земјата, како што е блокчејнот.

Во април оваа година, потпретседателот на ОАЕ и премиерот ја започнаа иницијативата “Блокчејн стратегија на ОАЕ 2021”, со цел да ја постигнат позицијата на глобален лидер во усвојувањето на технологијата.

Во јули, Меѓународниот финансиски центар во Дубаи (DIFC) го објави своето партнерство со Smart Dubai за да развие “Court of the Blockchain”. Организациите имаат за цел да го истражат потенцијалот на технологијата во решавањето на недостатоците на правниот систем на ОАЕ, на пример, преку воведувајќи верификација на судските одлуки врз база на блокчејн.

Leave a comment