Овoј луксузен Швајцарски часовник од 100 илјади долари ќе има вграден крипто паричник

  1. Favre & Fils, Швајцарски изработувач на луксузни часовници со семејна историја назад три века, развива рачно изработен механички часовник со вграден крипто-паричник.

Компанијата минатата недела објави дека часовникот ќе има крипто “cold wallet” и “најсовремено решение за заштита на сопственоста” базирано на блокчејн технологија.

Извршниот директор на A. Favre & Fils, Лорен Фавр изјави:

“Ние го развивме овој прв часовник со идејата да и понудиме нешто корисно na крипто-заедницата, а не нешто на кое само би ги потрошиле парите”.

Претставник на компанијата изјави дека часовникот ќе чини od 100,000 – 150.000 Швајцарски франци (или 102.000 – 153.000 долари), во зависност од моделот и неговите карактеристики и материјали.

Овој часовник ќе “гарантира врвна заштита на податоците и заштита на приватноста”, соопшти компанијата, додавајќи дека првиот прототип ќе биде објавен во текот на вториот квартал од 2019-та година.

“Треба да се продложи со додавање на соодветни карактеристики кои го унапредуваат дизајнот. Тоа е нешто слично како откривањето на користа на парната машина во епохата на електрични возов “, изјави Фавр за SWI swissinfo.ch, новински медиум во сопственост на Швајцарската радиодифузна корпорација.

Leave a comment