Овој 20 годишен крипто милионер има порака за вас

“Верувам дека би можел да бидеш милионер со инвестирање во блокчејн и биткоин”, изјави за “MarketWatch” дваесетгодишниот биткоин милионер, додавајќи: “[…] ако не сте милијардер во следните 10 години, тоа е ваша грешка”.

Тој го повторува истото мислење што го имал пред повеќе од една година, и покрај bear пазарот што се случи во меѓувреме.

Ерик Финман, наводно, се откажал од училиште за да стане претприемач, правејќи облог со неговите родители на возраст од 12 години дека ќе стане милионер пред неговиот 18-ти роденден. Тој, наводно, ги искористил 1.000 евра поклон од својата баба наменети за студирање и купил биткоини по околу 10 евра секој. Сега тој има околу 450 биткоини, што вредат околу 3,6 милиони долари според тековните цени.

Иако некои од нив можеби нема да го сфатат сериозно поради неговата младост, ајде да се сетиме дека веќе има осумгодишно искуство. Финман е силен поборник за инвестирање во крипто, држејќи се до него и покрај bear и bull пазарот, и со било каквите промени во цените во последната деценија, верувајќи дека тоа е начинот како секој најмногу може да ги искористи придобивките. Тој ја споредува моменталната состојба на криптосферата со интернетот во 1990-тите – самиот пронајдок што ги направил можни дигиталните валути – или големите компании како Amazon во раните фази на развој, и не постои негирање дека и двата постигнале неспоредлив успех.

“Но, најголемата грешка што тие [луѓе кои неодамна влегоа во крипто сферата] може да направат е да излезат сега од пазарот и да ги продадат своите биткоини само поради неуспех”, изјави Финман за Business Insider во јануари 2018-та година, за време на крипто зима. “Важно е да знаете – а особено кога вложувате многу пари – дека цените варираат во голема мера”.

Финман наведе три фактори на MarketWatch, кои според него, стојат зад тековното варирање на цените:

  • Тековните тензии на САД и Кина, кои сигурно доведуваат до несигурност на глобалните пазари и кои би можеле да привлечат многу Кинески инвеститори да инвестираат во Биткоин, наместо во јуани, како побезбедна од двете опции;
  • Конференцијата Consensus 2019, која се покажа како популарен настан за крипто заедницата.
  • Постојаната поддршка за крипто што доаѓа од главните играчи кои доаѓаат од светот на големите крипто инвеститори и традиционалните фирми на Вол Стрит.

Биткоин достигна вредност од 8.000 американски долари, што е 60 отсто од неговото највисоко ниво во декември 2017-та година. Од прес време, Биткоин тргува на USD 7.934

Leave a comment