Овие веб-страници ви помагаат да купувате од големи продавачи на мало со помош на криптовалути

Корисниците на криптовалути честопати се принудени да ги претворат своите монети во девизи, со цел да купат предмети од водечките трговци и платформи за трговија, како што се Walmart, Home Depot, Amazon, Aliexpress и Ebay. Двоумењето на овие трговци за прифаќање на крипто плаќањата создаде ниша која е окупирана од онлајн бизниси кои се обидуваат да го намалат јазот. Тие се грижат за вашата нарачка, ја организираат доставата и се подготвени да ги прифатат вашите електронски пари.

Купи производи од Amazon и букирај летови на Expedia со Bitcoin Superstore

Bitcoin Superstore e една од алтернативите за глобалниот пазар. Неговиот оператор е со седиште на Флорида, но доставува до повеќе од 50 земји ширум светот и прифаќа околу десетина криптовалути, вклучувајќи го и Bitcoin cash (BCH). Можете да ја користите платформата за купување од Amazon и многу други онлајн продавници. Можете исто така да резервирате летови и хотели на Expedia или Priceline, па дури и да нарачате намирници од Amazon Prime Now и Walmart Grocery Pickup.

Најдобриот дел е тоа што нема потреба од регистрација и Bitcoin Superstore ветува брз чекаут со дигитални валути што треба да трае само околу три минути. Веб-страницата има функција наречена Purchase Now која работи така што мора да го поднесете URL-то на производот за кој сте заинтересирани – и треба рачно да ја внесете цената, вклучувајќи го и трошокот за превозот.

Откако ќе го додадете производот во количката, Bitcoin Superstore ќе го пресмета применливиот данок на промет. Кога ќе продолжите кон чекаут, ќе бидете префрлени на страница каде што треба да го дадете вашето име и адреса за испраќање, телефонски број и адресата на мејлот. Исто така, ќе биде побарано да ја изберете криптовалутата со која сакате да платите. Платформата моментално ги поддржува BCH, BTC, DASH, DGB, ETH, LTC, TRX, XVG, VIA, ZEC, XMR, XRP и NANO. Вкупниот број на девизи ќе се претвори во крипто по вашиот избор. Нарачување пар машки чевли од Amazon по цена од 107 долари со достава во Европа ќе ве чини околу 0,265 BCH од прес време.

Платформата исто така може да ви помогне со многу предлози за тоа како да ги потрошите вашите дигитални монети кои се објавуваат во делот наречен Live on Crypto. Ќе најдете информации за тоа како да нарачате од Ebay, Alibaba и Apple и да добиете поддршка за резервација кога сакате да изнајмите сместување од Airbnb користејќи крипто.

Нарачајте од Aliexpress со криптовалути преку Olodolo

Olodolo е веб-страница која е специјализирана за испорака на производи кои можете да ги купите со криптовалути од Aliexpress. Вие не треба да се регистрирате или да креирате акаунт за да ја користите. Платформата работи слично на Bitcoin Superstore. Едноставно направете paste на линк од Aliexpress или ID бројот на производот во барот за пребарување и Olodolo ќе ја пронајде релевантната понуда. Потоа треба да ја одберете посакуваната количина и земја кон која ќе се испорачува и ќе добиете неколку начини на испорака кои можете да ги изберете.

Постапката до чекаут ќе се појави на веб-страницата на Coinpayments, POS провајдер, кој ги олеснува крипто плаќањата. Таму ќе треба да ги споделите вашите информации за испорака, вклучувајќи име, адреса, е-мејл и телефонски број. Цената на предметот и вкупната цена за испорака и данокот се прикажани во американски долари. Ќе бидете во можност да ја направите исплатата во една од трите поддржани криптовалути – bitcoin core, litecoin и ethereum. Изберете ја монетата со која планирате да платите пред да го завршите чекаутот.

И ако сакате да нарачате од eBay, онлајн пазар наречен Forra може да ви помогне да поставите нарачка и да платите со криптовалути. Наведените предмети на Ebay се проценуваат во американски долари, но платформата моментално прифаќа bitcoin cash (BCH), bitcoin core (BTC), ethereum (ETH) и litecoin (LTC). Таа користи escrow систем и услугите на крипто берзи како Coinbase и Gemini за да се завршат трансакциите. Се наплаќа 3% надоместок за секое купување.

Покрај објавените Ebay реклами, Forra има дел со свои листи. Други карактеристики го вклучуваат делот “Поефтино од Amazon”, како и опција која им овозможува на купувачите да поднесат барање за одредена нарачка што сакаат да ја купат со монети. Forra сега нуди производи од многу различни продавачи во категории како што се Компјутери, софтвер, книги, алатки, производи за дома, облека и видео игри. Нејзиниот основач Патрик Манфра неодамна изјави дека тие имаат корисници не само од САД, туку и од други земји.

За повеќе идеи за разни производи кои можете да ги купите со вашиот bitcoin cash (BCH), проверете ја страницата Spend Bitcoin Cash развиена од Bitcoin.com. Можете да ја користите за да купувате онлајн или да нарачувате gift cards од големите продавачи на мало и даватели на услуги наведени во категориите Електроника, Спорт, Дом и Градина, Патување и сместување.

Leave a comment