Ова се градовите каде што најмногу се гуглал зборот “Биткоин”

Податоците од анализа на Google Trends открива дека интернет-пребарувањата за”биткоин (BTC) сега се на највисоко ниво во последните 17 месеци, според најновите апдејтирани податоци за 29-ти јуни.

Поради моменталниот bull моментум на монетата, јавниот интерес се зголемил од нависоките досегашни нивоа од 11-17-ти февруари 2018-та година – една недела во која биткоинот се движеше меѓу 8600 и 10200 американски долари во турбулентните недели што следеа по највисоката цена во 2017-та година.

Географскиот подем на тековното гуглање на биткоин покажува дека за 7 дена до 29-ти јуни, највисокото ниво на интернет-интерес за биткоин е во Сао Хозе дос Кампос во Бразил, по што следи градот Каксис до Сул, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата. По ввата бразилски градови следи на Бенин Сити во Јужна Нигерија на третото место.

Можеби не е изненадувачки дека Силиконската долина во Калифорнија, исто така, содржи голем дел од интересот за биткоин со Ларкспур, Сан Франциско, Санивејл и Сан Хозе, сите во првите десет, соодветно.

Со параметри поставени во 30-дневна временска рамка, имаме сосема поинаква слика за распределбата на интересот за најголемата криптовалута – иако со некои  веќе постоечки регионални трендови.Тука, Лагос во Нигерија доаѓа на врвот, по што следуваат Минхен  во Германија и Австрискиот главен град Виена, на трето место. Четврти и петти се Лос Анџелес во Калифорнија, и Јонкерс во северниот дел на Њујорк.

Споредувајќи го 17-месечниот рекорд со податоци предводени од Cointelegraph пред една недела, податоците од Google се чини дека покажуваат дека вниманието на јавноста брзо го опфаќа моментумот на пазарот: пребарувањата во претходниот месец се приближуваа до највиското месечно ниво.

Од прес време, биткоин тргува на 10593 мерикански долари – речиси 6 отсто во текот на денот, според индексот на цени.

Leave a comment