Оваа година HTC планира да испорача Блокчејн телефон

HTC блеснаа во доцните 2000-ти со тоа што доведоа на пазарот паметен телефон кој е базиран на андроид оперативен систем. Сега сака да го направи истото со блокчејн.

Тајванскиот производител на електроника во вторникот го претстави Exodus паметниот телефон, кој служи за поврзување на мобилна врска во светот на децентрилизирани мрежи и воедно како уред за складирање за тие што сакаат да си ги носат нивните криптовалути во џеб.

Според Фил Чен – кој претходно ја основа HTC Vive производната линија за виртуелна реалност и кој скоро се врати во компанијата за да го преводи проектот Genesis – компанијата има цел наскоро да започне со дистрибуција на уредот.

“Планираме да го испорачаме до крајот на оваа година” Чен изјави за CoinDesk.

Додека HTC не е единствената компанија која работи на паметни телефони посветени на блокчејн – Sirin Labs неодамна понуди 157 милиони долари почетна парична понуда за да го креираат “Finney” – тоа е далеку најголемата компанија од ваков вид која вложила вакви напори.

И начинот на кој производот бил внатрешно позициониран укажува на тоа дека HTC ќе има моќна улога во децентрилизираните технологии, особено ставајќи ја моќта во рацете на потрошувачите самите да си ги контролираат своите дигитални идентитети.

Рејмонд Пао, соработник потпретседател на новите технологии за виртуелна реалност на HTC, изјавил дека “ќе ја креираат рамката-водилка и телефонот кои ќе влијаат на децентрилизиранaта мрежа.”

Ако ја погледнеме индустријата, ќе забележиме дека се движи во две насоки. Едната страна е 100% централизирана така што компанијата која ја има платформата ги знае сите детали на корисниците. Важноста на оваа платформа што компанијата може да ја обезбеди е целосна прилагодена услуга за секој корисник поединечно. Колку повеќе корисникот споделува на платформата, толку компанијата подобро ја прилагодува услугата. На спротивната страна, тука се корисниците кои повеќе се загрижени за нивната приватност и кои сакаат да ги поседуваат своите лични информации и идентификации. Како што телефонот стана најличниот уред кој го користиме секој ден, сакаме да поработиме на децентрилизираниот еко-систем со корисниците кои се загрижени најмногу за својата приватност.

Фокус на употребливост

Напорите како овој укажуваат на продлабочување на односите помеѓу мобилните уреди и блокчејн платформите.

Од изобилството на апликации во паметните телефони кои треба да служат како паричници, се до способноста да праќаат криптовалути по смс порака, е комбинација која поттикнува иновација, и за несреќните, кражби.

Но, на страна предизвиците, HTC го брка тоа што може да биде следното големо нешто во развојот на паметни телефони.

Во разговорот со CoinDesk, Чен изјави дека целта е да се креира производ кој би обезбедил високо ниво на безбедност за дигиталните средства складирани во уредот, но исто така нуди и олеснување во користењето на “крипто-паричниците” кој недостасува на пазарот.

Конкретно, Genesis е поставен да вклучува и дигитален излог за дистрибуирани или децентрилизирани апликации како додаток на вградениот паричник во паметните телефони. Идејата е овој онлајн излог да биде поврзан со веќе постоечки блокчејн мрежи, вклучувајќи etherеum. Телефонот исто така ќе има и вграден API (апликациски програмски интерфејс) така што девелоперите можат да креираат дополнителни апликации базирани на интегрирани мрежи.

Навистина, HTC се чини дека се обложува на сеприсутната природа на паметните телефони – податоците од Statista укажуваат дека во денешно време скоро 3 милијарди луѓе користат паметни телефони, во кои природно се вклопува блокчејн, особено поради тоа што се однесува на поголема контрола над нечии информации.

“ Ние навистина се грижиме за овој пренослив идентитет и корисниците да го поседуваат нивниот идентитет и лични податоци, и ние веруваме дека телефонот е најдоброто место за да се направи истото” објасни Чен.

Да не се оди сам

Како важен произведувач на паметни телефони, се очекува дека HTC планира да влета на пазарот со сите сили.

Но според Чен, Тајванскиот производител зазема поинаков пристап, како што изгледа посегнувајќи кон проекти како ethereum и DFinity и да се интегрираат овие протоколи во Genesis телефонот.

“Моментално, преговараме со ethereum, DFinity да ги придобиеме нивните клиенти да се оптимизираат за нивниот јазли.” објасни тој. “Ние сакаме да бидеме Швајцарија за сите комуникациски протоколи, ethereum итн., така што телефонот би обработил 20-30 проценти од верификацијата.”

“Во одреден момент, некој треба да креира мобилно-центричен протокол” додаде тој.

Во месеците што следуваат, Чен продолжи, ќе го видиме бавното пуштање на дополнителни информации за Genesis, вклучувајќи бела книга, спецификации и слично.

“Ние исто така ќе објавиме повеќе информации и документи за нашите активности до Јули-Август временската рамка, правејќи го телефонот јазол помеѓу средна до највисока класа сервери” изјави тој за CoinDesk.

И како поздрав до крипто-заедницата, за претстојната претпродажба на телефонот ќе примаат само биткоин и ethereum како наплата.

“Ќе направиме предпродажба, и преднарачките ќе се плаќаат со биткоин и ethereum.” објасни Чен

Leave a comment