Објаснување како блокчејн го подобрува здравството

  1. Во последно време има голема возбуда околу користењето на блокчејн во здравството. Зошто е тоа така?

Податоците зачувани на блокчејн се транспарентни и непроменливи, што е исклучително важно за здравствената индустрија. Некои инсајдери дури и ја нарекуваат “крајниот случај на употреба” за оваа технологијата.

Всушност, постојат неколку причини зад оваа возбуда. Една од основните карактеристики на блокчејнот е нејзината децентрализација. Секој потег е јавно снимен, со временски печат и скоро невозможно да се промени. Блоковите кои содржат податоци се заштитени со напредна криптографија. Ако информациите на блокот некако се променат, корисниците на мрежата (јазлите) мора да се договорат за промените. Оваа технологија може да биде неверојатно ефикасна за многу јавни системи – а особено здравството- и еве зошто.

Пред се, здравствената индустрија мора да се справи со многу документи и да процесира огромни количини на податоци на дневна основа. Блокчејн технологијата овозможува значително намалување на времето потребно за оваа рутина. Обезбедува софистицирана алатка за управување со сите видови на бази на податоци – вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на пациентите – бидејќи сите информации се безбедно зачувани во блокови и само овластено лице може да има пристап до нив. Ова значи дека лекарот кој се занимава со пациентот може директно да пристапи до податоците, без комуникација со друг персонал или со други здравствени установи. Во случај на итна хируршка интервенција, секоја минута зачувана на овој начин може да биде важна.

Некои навистина веруваат дека блокчејнот може да придонесе за воспоставување на заедничка база на податоци за пациентите, што пак, ќе ги поврзе различните болници и приватните клиники користејќи драстично различни системи. На пример, само во американскиот град Бостон, постојат 26 електронски системи за медицинска евиденција кои не се компатибилни едни со други. И ситуацијата е уште поочајна во поголем обем. Замислете жена која се соочува со предвремено породување и во моментов е илјада милји од државата/градот во која што планирала да се породи и сите доктори кои биле запознати со нејзиниот случај. Во таква ситуација, би било од клучно значење да се има единствена, сеопфатна база на податоци во која би можело лесно да се пристапи од различни болници во земјата.

Блокчејн нуди големо решение за проблемот со изобилство на посредници кои имале намера да ги олеснат интеракциите со здравствените установи: паметни договори кои овозможуваат да комуницирате директно со лицето кое ви е потребно. Овие договори би можеле да се користат во телемедицината – растечко поле на медицината кое им овозможува на докторите да стигнат до своите пациенти преку паметни телефони и други уреди. Додека овој тип на интеракција е многу корисен во современиот свет, сепак е подложен на хакерски напади. Паметните договори ќе помогнат безбедно и транспарентно да се соберат податоците од клиентот.

И последно, но не и најмалку важно, блокчејн навистина може да и помогне на здравствената индустрија да ги елиминира фалсификуваните лекови. Една од областите што најмногу ги користат децентрализираните технологии е синџирот на снабдување. Некои комерцијални гиганти веќе користат блокчејн за следење на потеклото на одреден производ што го продаваат, а фармацевтските производители можат да го сторат истото. Според Светската здравствена организација, околу еден од десет медицински производи кои циркулираат во земјите со низок и среден приход се супстандардни или дури лажни. Ако целата индустрија ги проследила лековите преку безбеден блокчејн систем кој ги спречува податоците да бидат менувани, процентот на лажни лекови на пазарот значително ќе се намали.

2. Зошто би дозволил/а моите податоци да се складираат на блокчејн? Дали е побезбедно од традиционалните системи?

Измамите и хакерските напади во здравството се многу чести. Блокчејнот е многу потежок за хакнување.

Здравството беше изложено на повеќе сајбер напади отколку која било друга индустрија во 2018-та година, што претставува 25% од 750 пријавени хакерски напади. Бројките беа особено високи во САД, каде што здравствените фирми претрпеа рекордни хакнувања на податоци во 2018-та година во споредба со 2017-та година со вкупен број од 358. За време на овие напади пациентите често ги губат своите броеви за социјално осигурување, имиња и адреси. Понекогаш, информациите се почувствителни, како што се информациите за здравствено осигурување и медицинската историја.

За разлика од традиционалните бази на податоци, блокчејнот се смета за безбеден и непроменлив. Како што беше објаснето порано, блокот што бил променет треба да биде одобрен од широко дистрибуирана мрежа од јазли. Секогаш кога активностите на корисниците или направените промени изгледаат сомнително, измените се откажани. Навистина, постои релативно мала теоретска можност за поголемо превземање на било која постоечка блокчејна мрежа, кое се нарекува “напад од 51%”. За да се постигне ова, група на корисници мора да се здобијат со контрола на поголемиот дел од јазлите на мрежата – при што би ја направиле “централизирана”.

51% напади веќе се случија неколку пати, со хакери кои најчесто ги напаѓаат синџири на altcoins за да украдат криптовалути. И покрај фактот дека измамниците досега само украле токени, некои држави веќе развиваат регулации за оние кои би ризикувале да се обидат да ги сменат чувствителните податоци на блокчејнот. На пример, минатата година, државата Мичиген воведе нацрт-закон за наметнување на кривични казни за манипулирање со податоци за блокчејните со намера да се врши измама.

3. Дали веќе има многу случаи на употреба?

Всушност, има многу од нив. Здравствените установи веќе ги тестираат децентрализираните складишта за податоци, следењето на потеклото на лекови и управување со донации преку блокчејн.

Првиот можен случај на употреба е да се направат медицинските бази на податоци попрецизни и посигурни со користење на децентрализирана технологија. На пример, кон крајот од 2018-та година, големите здравствени компании во САД формираа сојуз за тестирање на блокчејн, со цел да се подобри квалитетот на податоците и да се намалат трошоците. Слични испитувања се во тек во медицинската универзитетска болница во Тајпеј во Тајван и во големата Јужнокорејска болница Мионџи.

Некои користат блокчејн за добротворни цели поврзани со здравството. На пример, оваа година, ALS Association соработува со Tron Foundation за започнување на добротворна блокчејн кампања , за да се изгради свест околу амиотрофичната латерална склероза. Tron ќе ја обезбеди блокчејн технологијата за следење на дистрибуцијата на донациите за време на кампањата.

Да сумираме, дури и со најскромни проценки, усвојувањето на блокчејната технологија би можело да ја спаси здравствената индустрија од 100 до 150 милијарди долари годишно до 2025-та година.

4. А што е со големите компании? Дали тие се заинтересирани за блокчејн?

Техничките гиганти и глобалните институции сега почнуваат да навлегуваат во блокчејн. Некои се подготвуваат да започнат со децентрализирани здравствени решенија.

Во почетокот на 2019-та година, американскиот гигант за здравствено осигурување Aetna соработуваше со IBM за да создаде блокчејна мрежа прилагодена на здравствената индустрија. Решението е поставено за осовременување на обработката и плаќањата на побарувањата за осигурување, како и управувањето со датотеки.

5. Договорите се добри, но може ли блокчејн всушност да спасува животи?

Можеби. Блокчејн веќе е вклучен во тестови за дијагностицирање на медицински состојби. Покрај тоа, тоа е подобрување на нашата секојдневна здравствена рутина.

Многу решенија кои би можеле да придонесат за спасување на животот во најблиска иднина ги комбинираат блокчејн и другите технологии, како што се вештачката интелигенција (AI). На пример, комбинирањето блокчејн и AI може да помогне да се изгради дистрибуирана мрежа на вештачки нервни мрежи кои суштински ќе ги дијагностицираат медицинските состојби со поголем успех од човекот.

Таквите експерименти веќе се финансирани од владата на Австрија, каде локален стартап гради алатка за дијагностицирање на рак. Таа користи AI со 90% точност на откривање на рак на грлото на матката, додека човечките патолози постигнуваат само 60-70% точност.

Конечно, додека чекаме историски успех во здравството, блокчејнот веќе ја направи индустријата попријателски настроена кон корисниците и подостапна.

Leave a comment