Објаснети разликите помеѓу токените, монетите и виртуелните валути

  1. Дали има разлика помеѓу токен / монета / дигитална валута / виртуелна валута?

На кратко: Да, има.

Постојат разлики помеѓу сите овие термини, и големи и мали. На пример, кога JPMorgan Chase ја објави својата JPM монета, ја презентираше како “дигитална монета”, додека Libra на Facebook беше претставена како цврста “криптовалута” – и, иронично, тоа може да биде дел од причината зошто регулаторите низ целиот свет така реагираа на втората.

Сепак, додека JPM Coin и Libra се разликуваат според дизајнот, во двата случаи експертите за децентрализација брзо ги отфрлија како “криптовалути”, и ги нарекоа “виртуелни пари” или “дигитални валути” – во основа, бидејќи тие се управувани од корпорации и оттаму се централизирани. За жал, тоа не е толку едноставно: Додека децентрализацијата е суштинска идеологија зад криптовалутите, некои од нив може да бидат централизирани, барем до одреден степен.

Така, криптовалута е дигитална или виртуелна валута (суптилностите меѓу нив ќе бидат дискутирани подоцна во статијата), која е изградена со силна криптографија, што ја прави високо безбедна и непроменлива. Повеќето криптовалути се базираат на блокчејн технологија, дистрибуирана ledger а спроведена од децентрализирана мрежа на компјутери. Како и да е, технички можни се и криптовалути кои не се поддржани од блокчејн, Digicash, една од најраните форми на криптографски електронски плаќања, која беше објавена во почетокот на 1990-тите, немаше блокчејн.

За да се направат работите уште покомплицирани, постојат и подкатегории во рамките на конвенционалните, современи (базирани на блокчејн) криптовалути, како што е на пример, NEO која е монета, додека Binance Coin (BNB) е всушност токен. Како што сега можете да видите, има голема конфузија во крипто-просторот околу овие термини, и оваа статија ќе се обиде да ги исправи работите.

2. Што е монета?

Дигитални монети кои се креирани на сопствен блокчејн.

Биткоин (BTC), Моnero (ХМR) и Етер (ЕТH) се примери за крипто “монети”. Што имаат заедничко? Сите од нив постојат на сопствени независни ledgers: BTC работи на оригиналниот Биткоин блокчејн, ЕТH се користи во блокчејнот на Етереум, XMR постои на блокчејнот на Monero и така натаму. Сите тие можат да бидат испратени, примени или фармани.

Според нивното име, монетите имаат тенденција да ги имаат истите карактеристики како и парите: тие се променливи, деливи, преносливи и ограничени во понудата. Па така, крипто монетите се наменети да се користат исто како и физичките пари: да се плаќа со нив (иако усвојувањето на мало оди бавно). Меѓутоа, постојат исклучоци: Додека Етер ги има сите атрибути на монета, таа функционира надвор од својата “парична” улога, бидејќи се користи во рамките на Eтереум блокчејнот за олеснување на трансакциите.

Исто така постојат и т.н. “altcoins”, кои ја добија оваа титула бидејќи личат на алтернатива на Биткоин, оригиналната криптовалута. Многу altcoins се fork на Биткоин и се развиени со употреба на неговиот протокол со отворен код – како што се Litecoin (LTC) и Dogecoin (DOGE) – но горенаведените ETH и XMR се исто така познати како altcoins, и покрај тоа што се изградени на сосема нови блокчејни. Значи, треба да се примени следново прашање при дефинирање на altcoins: Дали е крипто монета која има свој блокчејн, но не е Биткоин (т.е. не е оригиналниот блокчејн)? Ако одговорот е да, тогаш тоа е altcoin.

3. Океј, но што е токен?

Дигитални средства кои можат да се користат во рамките на екосистемот на даден проект.

Главната разлика меѓу токените и монетите е дека првите бараат друга блокчејна платформа за работа. Ethereum е најчестата платформа за креирање на токени, најмногу заради нејзината функција за паметни договори. Токените создадени на Етереум блокчејнот обично се познати како ERC-20 токени – како на пример најпопуларната stablecoin во индустријата Tether (USDT). Се разбира, постојат други платформи за токени, како што се NEO или Waves.

Целта на токените е различна во споредба со монетите, иако тие исто така може да се користат како средство за плаќање (таканаречени “валутни токени”).

Многу токени се создаваат за да се користат во децентрализирани апликации (DApps) и нивните мрежи. Меѓутоа, тие се нарекуваат “utility (кориснички) токени”. Нивната главна намера е да му се даде на носителот пристап до функцијата на проектот – како со Basic Attention Token (BAT). BАТ е ERC-20 токен (што значи дека неговата блокчејна платформа е Eтереум) направен за подобрување на дигиталното рекламирање. Рекламерите купуваат реклами со BAT токени, кои потоа се дистрибуираат помеѓу издавачите и корисниците на пребарувачите како компензација за хостинг на рекламата и нејзино гледање, соодветно.

Понатаму, постојат “security токени”, кои во суштина претставуваат нечија инвестиција во некој проект. Иако тие ја земаат вредноста од стартапот зад проектот, тие не му даваат на сопственикот удел во тој стартап. Луѓето ги купуваат овие токени исклучиво со идеја дека нивната вредност ќе се зголеми во иднина – тоа беше целиот тој бум што се појави со ICO, за жал кога луѓето купувале security токени маскирани како utility токени. Нормално, хартиите од вредност се предмет на тесна регулаторна контрола и имаат темелни Know Your Customer (KYC) политики, што не беше случај за ICO пазарот.

4. Тогаш што е разликата помеѓу виртуелните и дигиталните валути? Не се тие синоними?

Не. Еден е многу апстрактен поим, а другиот е сосема конкретен.

Всушност, ова е многу поедноставно од целата токен / монета споредба. “Дигитална валута” е дефиниран термин кој се користи за да се опишат сите форми на електронски пари – било да е виртуелна валута или криптовалута (не, ни тие не се скроз исти). Самиот концепт на дигитални валути првпат беше воведен во 1983-та година во истражувачкиот труд на Дејвид Чаум, кој подоцна го имплементираше во форма на Digicash.

Дефинирачка карактеристика на дигиталните валути е тоа што тие постојат само во дигитална или електронска форма и, за разлика од вистински долар или монета, се нематеријални. Тие можат да бидат поседувани и потрошени само преку електронски паричници или одредени поврзани мрежи. Вообичаено, нема посредници (нема банки), затоа трансакциите се инстантни и малку се наплаќа за нив. Добра вест: дигиталните валути и дигиталните пари се исти.

Значи: монети, токени, виртуелни валути – сите тие се дигитални валути.

Виртуелните валути се поинакви, иако по дефиниција се дигитални. Како што Европската централна банка прва го дефинираше терминот во 2012-та година, виртуелните валути се “дигитални пари во нерегулирана сфера, издадени и контролирани од нивните девелопери и се користат како метод на исплата кај членовите на одредена виртуелна заедница”. Најдобриот пример за виртуелни валути кои не се базирани на крипто треба да бидат парите интегрирани во видео-игри, како токени во World of Warcraft, готовински картички во GTA Online или FIFA поени од истоимената EA Sports игра. Обично постојат во рамките на екосистемот на соодветната игра и се користат за отклучување на бонусните содржини како нови предмети и карактери.

Така, за разлика од регуларните пари, па дури и специфичните дигитални валути, виртуелната валута не може да биде издадена од централна банка или друг банкарски регулаторен орган – што ја објаснува нестабилноста на која се склони. Затоа, криптовалутите се целосно одвоени од виртуелните валути и не треба да се мешаат заедно, барем според AP Stylebook, додека и двете се под пошироката категорија “дигитални валути”.

5. Дали овие дефиниции се универзални?

Не, имајќи предвид дека просторот постојано се развива.

Криптовалутите како што ги познаваме постојат само 10 години, додека повеќето владини агенции почнаа да обрнуваат внимание на нив само пред три до пет години, кога популарноста на Биткоин почна драматично да се зголемува, заедно со неговата вредност. Имено, Libra на Facebook само предизвика уште една голема возбуда меѓу финансиските мониторинг групи: Одредени земји сега формираат работни групи за да разговараат за она што е Libra и како може да се регулира.

Така, дефинициите за криптовалурти имаат тенденција да се разликуваат меѓу или дури и во рамките на државите: Само во Соединетите Држави, пет различни регулаторни агенции ги дефинираат криптовалутите на пет различни начини, во зависност од нивната надлежност. Така, IRS ги гледа криптовалутите и повеќето други виртуелни валути како сопственост, Комисијата за хартии од вредност смета дека тие претставуваат хартии од вредност, додека Полициската мрежа за финансиски криминал смета дека криптовалутите се пари. Понатаму, регулаторната рамка за криптовалути на Јапонија – Законот за платежни услуги – ги дефинира “криптовалутите” како имотна вредност, а шефот на централната банка на Русија еднаш го нарече Биткоин “валутен сурогат”.

Освен тоа, имајќи предвид дека просторот се развива со огромна брзина – и регулаторите најмногу заостануваат – фер е да се претпостави дека во иднина може да се појават нови услови за дигитални валути, што го прави од особена важност да се биде во тек со тековните поими.

Leave a comment