Обединетите Нации го поставија блокчејн како центар на новиот “панел за дигитална соработка”

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН) Антонио Гутерес, создаде “панел на високо ниво за дигитална соработка”, кој јасно ја става блокчејн технологијата на дневен ред, UN News објави во вторникот на 12-ти јули.

Панелот, кој се вели дека е “прв од ваков вид”, ќе собере 20 еминентни личности од индустријата, граѓанското општество и академиите, за да се справат со влијанието на дигиталните технологии врз глобалните економии и општества – влијание кое се одвива во “невиден размер” и “неверојатна брзина “, се зборовите на Гутерес.

Претставувајќи го новото тело во име на Секретаријатот на ОН, извршниот директор и копретседавач, амбасадорот Амандеп Гил, изјави:

“Не можете да гледате кон ‘web 3.0’ без да погледнете и кон блокчејн или AI (Вештачка интелигенција) […] нашата надеж е дека преку дискусија за овие различни дигитални домени […] во однос на човековите права, во условите за приватност, во смисла на субверзија на демократијата, ние сме во можност да излеземе со некои заеднички принципи … за зајакнување на преку граничната соработка”.

Гил ги нагласи “можностите и ризиците и ненамерните последици” на дигиталната трансформација, наведувајќи ја загриженоста за сајбер-нападите и сомнежот за вмешување во политички избори.

Амбасадорот смета дека “cross-cutting” пристапот на панелот кон новите технологии, како што се блокчејн и AI, ќе му овозможи да го “максимизира” своето влијание во текот на својот деветмесечен мандат.

Генералниот секретар, исто така, ги откри копретседавачите на комисијата меѓукои спаѓаат Американскиот филантропист Мелинда Гејтс и Џек Ма, основачот на кинескиот гигант за е-трговија Alibaba.

Ма ја претстави блокчејн технологијата преку филијалата на Alibaba, Ant Financial уште во летото 2016-та година. Фирмата оттогаш собра 14 милијарди долари за развој на блокчејн, а неодамна успешно ги тестираше своите први блокчејн девизни дознаки.

Со Ма неодамна потврдувајќи дека “влијанието на блокчејн врз иднината на луѓето може да биде далеку од нашата имагинација”, неговото копретседавање на новиот панел на ОН сигнализира позитивен чекор за глобално ширење на технологијата.

Од своја страна, ООН веќе долго време истражува поголем број – во голема мера хуманитарни  – блокчејн случаи, почнувајќи од користењето на Ethereum блокчејнот за пренос на купони базирани на криптовалути на бегалците од Сирија.

Оттогаш, исто така, беше тестиран систем за дигитален идентитет базиран на блокчејн за борба против трговијата со деца на глобално ниво. Овој април, белгиската влада придонесе со 2 милиони евра за промовирање на блокчејн проект од World Food Programme  (WFP), што ќе им овозможи на ОН да ја користат технологијата за борба против гладта во осиромашени области.

 

Leave a comment