Обединетите Арапски Емирати ќе разговараат за блокчејн и дигитални средства на 7-миот Светски владин самит

Министерството за финансии (MoF) на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе разговара за развојот на блокчејн и дигитални средства во економијата на земјата на седмиот Светски владин самит. Веста беше објавена од страна на новинскиот бизнис сајт Gulf Today на 7-ми февруари.

MoF ќе одржи две затворени сесии посветени на глобалните финансиски трендови, вклучувајќи го и развојот на блокчејн и дигитални валути и градење на изводливо економско опкружување околу двете технологии. Учесниците на конференцијата, исто така, ќе разговараат за развојот на малите и средните претпријатија (SMEs) и управувањето со дигиталните средства.

Министерството за финансии, исто така, ќе одржи отворена седница со Меѓународниот монетарен фонд (IMF), расправајќи за тоа каков ефект ќе има развојните фондови врз глобалната економија преку инвестирање во дигиталната економија, додека Светската банка ќе учествува во дискусија за координација на фискалните политики .

Обединетите Арапски Емирати започнаа со бројни иницијативи поврзани со усвојувањето на блокчејн и развојот на дигитални средства во земјата. Во јануари, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија објавија договор за соработка за создавање на криптовалута. Криптовалутата наречена “Aber” наводно ќе биде “строго насочена кон банките во експериментална фаза, со цел подобро разбирање на импликациите од блокчејн технологијата и олеснување на прекуграничните плаќања”.

Сепак, подоцна тој месец централната банка на ОАЕ и Монетарната управа на Саудиска Арабија објавија дека користењето на Aber ќе биде ограничено на финансиски спогодби со користење на дистрибуирани технологии “на пробна основа и [за] ексклузивна употреба од ограничен број банки во две земји “.

Во декември 2018-та година, Управата за хартии од вредност на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека ќе воведе прописи за ICO во земјата до крајот на првата половина од 2019 -тагодина. Извршниот директор на SCA, Обад ал Зааби, изјави дека регулаторот “потпишал договори со адвокатските фирми за sandbox и правилниците за издавање на ICO”.

Leave a comment