Нa нов штетен софтвер цел му се Apple Mac компјутерите за крадење и фармање на криптовалути

Неодамна откриена форма на штетен софтвер краде browser cookies и други информации од Apple Mac компјутерите на жртвите за да украде криптовалути.

Истражувачите од сајбер-безбедносната фирма Palo Alto Networks објавија извештај во четвртокот, велејќи дека штетниот софтвер, наречен “CookieMiner”, ги пресретнува browser cookies поврзани со крипто берза и веб-страниците на провајдерите на паричници кои жртвите ги посетувале.

Злонамерниот код цели берзи како Binance, Coinbase, Poloniex, Bittrex, Bitstamp и MyEtherWallet, како и секоја веб-страница што има блокчејн во нејзиното име на домен, откриле истражувачите.

Исто така, се обидува да украде информации за кредитни картички од главните издавачи, како што се Visa, Mastercard, American Express и Discover, како и зачувани кориснички имиња и лозинки во Chrome, iPhone текст пораките кои се поддржани од iTunes и клучеви за шифрирани крипто паричници.

Доколку се успее во кражба на тие детали, хакерите можат да добијат целосен пристап до паричниците и акаунтите од берзите на жртвите за кражба на средствата.

Истражувачите објаснија:

“CookieMiner се обидува да се движи низ процесот на автентикација со крадење комбинацијата на ингеренциите за најава, текстуални пораки и web cookies.”

Штетниот софтвер има уште една намена – ја менува системската конфигурација на жртвата за злонамерно вчитување на софтвер за крипто фармање. Coinminer-от е сличен на варијанта која ги фарма monero, но, наместо тоа, е насочена кон помалку позната криптовалута наречена Koto, велат истражувачите.

Истражувачите сугерираа дека корисниците на криптовалути треба да внимаваат на безбедносните поставувања и на дигиталните средства за да го спречат нивното компромитирање и протекување. Тие исто така истакнаа дека штетниот софтвер проверува дали firewall програмската апликација наречена Little Snitch работи на компјутерот на жртвата. “Ако е така, софтверот ќе престане и ќе напушти”, изјавија тие.

Сепак, Monero е најпопуларната криптовалuta меѓу хакерите. Минатиот месец, една студија од истражувачите од колеџот покажа дека хакерите исфармале скоро 5 проценти од вкупното monero кое циркулирало.

Распоредувањето на штетни софтвери за крипто фармање брзо се зголемува. Една студија од McAfee, објавена во декември, покажа дека имало скоро 4 милиони нови закани за фармачки штетен софтвер во третиот квартал од 2018-та година, споредено со помалку од 500.000 во 2017-та и 2016-та година.

Leave a comment