Нуриел Рубини: “Криптовалутата како технологија нема апсолутно никаква основа за успех”

Економистот и озогласениот критичар на криптовалути Нуриел Рубини, тврди дека крипто “како технологија нема апсолутно никаква основа за успех”. Рубини ги искажа своите нови анти-крипто аргументи во интервју за  CFA Institute на 6-ти март.

Во разговор со глобалното здружение на професионални инвеститори, Рубини, економист со седиште во Њујорк, кој славно ја предвиде финансиската криза во 2008-ма година, уште еднаш го повтори својот негативен став кон крипто и блокчејн просторот.

Познатиот економист изјави дека целата крипто индустрија се состои од средства кои не се ниту пари, ниту валути. Тој нагласи дека криптовалутите не се ниту стабилни во смисла да содржат вредност, ниту пак се скалабилни платежни средства.

Како пример за недостатоците на крипто, Рубини укажа на екстремно bull пазарот во втората половина на 2017-та година, тврдејќи дека “милиони луѓе” купувале крипто поради страв дека нешто пропуштаат, но не “знаеле ништо за финансии или портфолио инвестици”.

Според Рубини, перформансите на крипто претставуваат “експоненцијален, параболен меур”, кој почнува да пука, бидејќи не постои вистинска фундаментална вредност која го поддржува како предност.

Покрај повторувањето на неговиот негативен став за крипто, Рубини, исто така, тврди дека блокчејнот, основната технологија на криптовалутите, нема “никаква врска со” иднината на финансиските услуги.

Рубини ја отфрли блокчејн технологијата од листата на главни технологии што ќе доведат до производство или fintech револуција, вклучувајќи ги вештачката интелигенција, машинското учење, big data и Internet of Things. Рубини повторно изјави дека “вистинската револуција во финансиските услуги е fintech, но fintech нема никаква врска со крипто”.

Тој елаборираше:

“Fintech ќе биде комбинација од вештачка интелигенција, big data и сеприсутниот интернет. Тоа ќе ги револуционизира системите за плаќање, распределбата на кредити, функциите на пазарот на капитал, осигурувањето, управувањето со инвестиции, финансиските совети итн.”

Претходно оваа година, Рубини изјави дека блокчејнот “не е подобар од една табела на Excel” и е “најнепотребно хајпнатата технологија досега”.

Во почетокот на март, фирмата за консултантски услуги International Data Corporation објави извештај во кој се тврди дека потрошувачката на блокчејн ќе се зголеми за речиси 89 отсто во 2019-та година, при што блокчејн инвестициите се очекува да достигнат 2,9 милијарди долари во 2019-та година и 12,4 милијарди долари во 2022-ра година. Според истата студија, финансискиот секторот ќе биде водечка индустрија во однос на инвестирањето во блокчејн технологии, и се предвидува да потроши повеќе од вкупно 1,1 милијарда долари.

Leave a comment