Норвешка ги повлече субвенциите за електрична енергија за фармачите на Биткоин

Норвешка ги прекинува субвенциите за електрична енергија за фармачките објекти на Биткоин (BTC), објави најголемиот весник во Норвешка Aftenposten на 21-ви ноември.

До сега, фармачките објекти – во согласност со другите енергетски интензивни индустрии – платија ниска стапка од 0,48 øre (0,05 $) за киловат. Ова сега ќе се зголеми на 16,58 øre за киловат заклучно со јануари 2019-та година, по измената на договорот за државен буџет. Еден гласен парламентарен претставник за Социјалистичката левичарска партија (SV) Ларс Халтбрекен е цитиран како силен поддржувач на овој потег, тврдејќи:

“Норвешка не може да продолжи да дава огромни даночни олеснувања за најпрљавиот извор на криптовалути […] [Биткоин] бара многу енергија и генерира големи емисии на штетни гасови на глобално ниво.”

Како што објави Forbes претходно овој месец, со моменталните поволни субвенции за електрична енергија, Норвешките крипто фарми можат да го фармаат Биткоин со просечна цена од 7.700 долари за монета, според податоците од Northern Bitcoin, Германска фирма што фарма криптовалути во Норвешка.

Aftenposten известува дека заинтересираната група ICT Norway од домашната индустрија одговори со силни критики за акцијата на владата; главен ИКТ-економист Роџер Шџерва, наводно изјави протестирајќи:

“Ова е шокантно! [Да се променат] рамковните услови без дискусија, консултации или дијалог со индустријата. Норвешка постигнува високо ниво на политичка стабилност и предвидливи рамковни услови, но сега владата се коцка со својот кредибилитет “.

Сепак, некои од нив кои се наоѓаат во рамките на локалната блокчејн индустрија, се согласуваат со потегот на владата. Aftenposten го цитира Јон Рамви, извршен директор на блокчејно-советодавната група Blockchangers од Осло, кој вели дека “помалку фармање во Норвешка ќе ги намали цените на електричната енергија за компаниите и луѓето што живеат во Норвешка, што значи дека ние ги искористуваме придобивките од овие ресурси на локално ниво, наместо да даваме на биткоин фармачи.”

Рамви додаде дека “повеќе фармачи во мрежата на Биткоин не го прават тоа да оди побрзо. Единствената функција на повеќе фармачи е обезбедување на мрежата за понатаму”, тврдејќи дека мрежата на Биткоин е “исклучително безбедна” за “повеќе од една година” и ја отстранува потребата да се стимулираат повеќе фармачи.

Неодамнешниот извештај од неделниот крипто медиум Diar покажа дека само “големите играчи” во индустријата сè уште прават профит од биткоинското фармање; помалите фармачи кои плаќаат малопродажни цени на електрична енергија се префрлија кон негативни приходи за првпат во септември, кога трошоците за електрична енергија се зголемија.

Leave a comment