Нов бот им овозможува на милиони да испраќаат и примаат криптовалути на Facebook Messenger

Една компанија им дава на корисниците на Facebook начин безбедно да испраќаат и примаат крипто преку Messenger – се ова додека ги чува доверливите информации приватни.

Lite.IM изјавија дека нивниот бот во моментов поддржува четири криптовалути: Биткоин, Ethereum, Litecoin и сопствената валута, ZTX.

Компанијата вели дека е “управуванa од визијаta за тоа како би можел да изгледа светот ако идеалите кои ја основале револуцијата за криптовалути навистина се реализираат” – место каде што секој може да ужива во финансиска слобода без оглед на нивните технички вештини или регион во светот каде што тие живеат.

Присуството на Facebook Messenger е најнова пресвртница за Lite.IM. Нивната услуга беше ставена на располагање преку Telegram, заедно со старомодни текстуални пораки. Zulu Republic, компанија зад проектот Lite.IM, изјави дека поддршката за текстуални пораки е од суштинско значење за исполнување на нивната амбиција, бидејќи тоа значи дека “секој што има дури и најосновен мобилен телефон” може да управува со нивниот крипто, со или без пристап до интернет.

Побрзо од Facebook

Лансирањето на Facebook Messinger значи дека Lite.IM се повеќе искусни во крипто плаќањата од Facebook. Кон крајот на минатиот месец, медиумите известија за гласините дека гигантот на социјалните медиуми се подготвува да создаде криптовалута за трансфер на пари – насочена кон корисниците на WhatsApp во сопственост на Facebook.

На неодамнешен блог пост, тимот зад Lite.IM изјавија: “Со секој нов апдејт, Lite.IM станува се повеќе и повеќе user-friendly за управување со криптовалути, придвижувајќи се поблизу до поширокото усвојување. Горди сме што ги донесовме најпопуларните криптовалути на светот на комбинираните 2,5 милијарди корисници на Facebook и Теlegram, а не да ги спомнуваме сите оние кои немаат сигурен интернет пристап, a сепак може да управуваат со Биткоин преку СМС-пораки.”

Се разбира, Facebook е во мала криза, поради тековните загрижености за начинот на користење на податоците на своите клиенти. Lite.IM изјавија дека презеле акција за да одговорат на сите загрижености што би можеле корисниците да ги имаат, нагласувајќи дека евиденцијата за четот никогаш не е зачувана од компанијата. И со сигурни форми на лозинка и напредна приватна клучна енкрипција, трети страни како Facebook се блокирани да гледаат какви било чувствителни информации што би можеле да доведат до компромитација на средства.

Апдејтите се на пат

Lite.IM изјавија дека “еден тон нови функции” ќе бидат објавени во не-премногу далечна иднина, ки своите ботови распоредени на нови платформи и со поддршка за поголем број криптовалути.

Со објаснување на нивниот избор на social messaging како аутлет за крипто, Zulu republic тврдат дека таквите платформи се онаму каде што се движи онлајн светот – со употреба, особено кај помладите генерации, кои се соочуваат со раст кој далеку ги надминува традиционалните социјални медиумски компании.

Компанијата верува дека искористувањето на широко распространетото усвојување на постоечките платформи може да помогне во прифаќањето на криптовалутите во целина. Нивниот тим вели дека, наместо да создаде сосема нови услуги, може да се постигне поголем дофат и динамика, нудејќи компатибилност со услугите што луѓето веќе ги користат на дневна основа. Не само што ова би можело да биде поволно за некој кој му должеше на својот пријател 5 долари за пица што ја делеле ноќта пред тоа, но може да се покаже како се менува животот за оние кои се потпираат на дознаки – нудејќи разбирливо место за комплетирање на дознаките, драматично намалувајќи ги таксите за користење на таа услуга.

Lite.IM велат дека истражувањето покажува дека типичниот потрошувач користи само девет апликации дневно, што значи дека е од клучно значење да се поврзат со нив директно во средини каде што веќе го поминуваат поголемиот дел од своето време. Проектот вели дека ова исто така може да се однесува на “масивниот проблем со корисничкото искуство” со кеј крипто светот во моментов се соочува.

Leave a comment