Новоформирана Aмериканска здравствена алијанса ќе тестира блокчејн за подобрување на квалитетот на податоците

Големи Американски здравствени компании формираа алијанса за пробни блокчејн решенија, со цел да се подобри квалитетот на податоците и да се намалат трошоците, објави вчера медиумот со седиште во САД, Modern Healthcare, 3-ти декември.

Групата Synaptic Health Alliance се состои од Humana, Multiplan, UnitedHealth Group’s Optum, UnitedHealthcare, Quest Diagnostics, а неодамна им се придружи и Ascension – најголемиот непрофитен здравствен систем во САД според Modern Healthcare и CVS Health-Aetna , кој има околу 22 милиони членови.

Според Центрите за услуги на Medicare & Medicaid, кои ги анализирале податоците обезбедени помеѓу септември 2016-та година и август 2017-та, барем половина од информациите за организациите на Medicare Advantage содржеле грешки, кои ги засегаат потрошувачите со тоа што предизвикуваат одложувања во медицинските услуги и можат да бидат предмет на парични казни.

Modern Healthcare пишува дека алијансата се надева дека децентрализираното складирање ќе ги задржи поточните информации благодарение на безбедноста на системот и способноста да ги следи сите копии скоро во реално време.

Во написот се забележува дека давателите на здравствени услуги секоја година трошат до 2,1 милијарди долари за да складираат податоци. Со користење на заедничка блокчејн мрежа за осигурителни компании, клиенти и даватели на услуги, здравствените организации би можеле да ги намалат оперативните трошоци, смета главниот директор за информации за Quest Diagnostics, Лидија Фонсека.

Покрај тоа, главниот службеник за информации на Ascension, Гери Луис, додаде дека блокчејнот може понатаму да се користи за безбедно споделување на клиничките информации на страните вклучени во процесот, пишува Modern Healthcare.

Како што честопати известуваа медиумите, децентрализираните решенија се користат во здравството. Болниците можат да користат блокчејн за безбедно складирање на податоците на пациентите; на пример, Медицинската универзитет во Тајпеј во Тајван и главната Јужнокорејска болница Myongji во моментов ги тестираат системите базирани на блокчејн. Блокчејн може да се користи во други сфери на здравствена заштита надвор од болниците.

Во април, Германската консултантска група Camelot развила решение за управување со чувствителни медицински податоци базирано на блокчејн. И во октомври, софтверската компанија и поранешниот производител на смартфони BlackBerry, објави блокчејн платформа фокусирана кон полето на здравството.

Leave a comment