Новости за Electroneum и лансирање на Electroneum M1 смартфонот

Здраво на сите!

Овoj е-мејл треба да веќе да биде пратен кога започнавме со две возбудливи работи на Mobile World Congress (MWC) во Барселона на 25-ти февруари.

1. Директно надополнување на airtime

ЕТN сега може да се искористи за да се надополни airtime и податоци во Јужна Африка, директно со Electroneum App. Уште еден огромен прв чекор за ЕТN.

2. Лансирањето на Electroneum M1 смартфонот

Electroneum лансираше смартфон. Да. Тоа е точно, целосно брендиран, ултра достапен, Андроид смартфон одобрен од Google – претходно наполнет со Electroneum и подготвен за употреба.

Директно надополнување на airtime – Јужна Африка

Разговаравме за масовно усвојување на криптовалути и како ќе го постигнеме тоа преку партнерство со мобилните оператори. Ние работевме со повеќе оператори за да ги разбереме целосно и барањата на нивните бизниси и секој аспект на тоа како да се интегрираме со нив. Ние работевме неуморно повеќе од една година за да обезбедиме сè што е потребно за да го достигнеме ова што го имаме сега. Ние ги надминавме сите предизвици, започнавме со моментална исплата, KYC, крипто сметководство и cloud фармање. Секоја од овие беше неопходна за да ја постигнеме нашата прва главна цел – овозможувајќи да се купуваат мобилно емитување и податоци директно преку ЕТN.

Многу сум задоволен што можам да објавам дека од завчера корисниците во Јужна Африка можат да ги надополнат своите airtime и податоци преку Electroneum App (кликнете на MORE па тогаш на TOP UPS).

Само ќе треба бесплатна СИМ од The Unlimited. The Unlimited се MVNO во Јужна Африка, напојувани од CellC. Корисниците можат да пополнат формулар (Јужноафриканските корисници можат да добијат бесплатна СИМ во рок од 2 часа од над 800 филијали на Click Store. Целосни детали на Electroneum App – кликнете MORE и тогаш на TOP UPS)

Ова е првпат да се случува нешто вакво во крипто светот и ја отклучува првата фаза од развојот на екосистемите за кои зборуваме уште од почетокот.

Од клучно значење е да се разбере дека ова никогаш не е направено – така учењето на терен и разбирањето на сè што се случува е критично. Започнуваме на мало во еден град, а потоа го шириме нашиот маркетинг и знаење во втор и трет град во текот на 3 месеци.

Знаењето кое го добиваме од овој прв тест ќе биде она што нè овластува во односите насекаде во светот, со цврсти факти, бројки и знаење.

Cloud фармањето е направено live на Андроид и iOS, бидејќи сфативме дека нашата прва итерација на мобилно фармање фаворизира луѓе кои имале совршена интернет покриеност. Нашата целна корисничка база е небанкарска – и тие често не се поврзани на интернет 24/7. Cloud фармањето овозможува целосна награда со периодичен пристап до интернет, што значи дека имате одлична ПРИЧИНА да ја инсталирате бесплатната Electroneum app. Мобилни награди за фармање се само делче од вкупните блокчејн награди, но одат директно до корисникот. Тој корисник сега може да го надополни своето airtime и податоци директно од Electroneum app доколку ја користат бесплатната СИМ од Unlimited.

Јужна Африка е совршено место за нас да го пробаме овој екосистем во реалниот свет. Има милиони луѓе во Јужна Африка кои заработуваат помалку од 30 американски долари месечно, а над 20 милиони заработуваат помалку од 75 американски долари месечно. Првиот чекор во нашиот развој на ГЛОБАЛЕН екосистем е да се направи тест за работата на екосистемите. Прво и даваме вредност на ЕТN во општеството надвор од крипто берзите (сетете се дека многу од овие луѓе се без банка и не можат да пристапат до крипто берза). Ова е сега поправено- со корисниците да можат директно да ги купат airtime и податоците.

Невероватниот тим на The Unlimited многу културно понуди да го направат дури и ПОВЕЌЕ наградувачки купувањето airtime и податоци користејќи ETN – со ДУПЛИРАЊЕ на пакетите за airtime и податоци кога се купени со ETN !!!

“Па што?” Може да се распрашате. Што значи тоа? Ова е СТАРТ на нешто апсолутно неверојатно! Првиот чекор беше да ETN да има вредност надвор од крипто берзите (нешто што навистина не постои за повеќето криптовалути). Со ова партнерство го постигнавме тоа. Следниот чекор е да ги натера луѓето не само да сакаат да cloud фармаат за да се здобијат со ЕТN, туку и да заработат неколку ЕТN, за да можат да платат повеќе airtime и податоци од мобилниот фармачки систем. Треба да покажеме силен вирален раст во Јужна Африка (ние сме позитивни дека можеме да го постигнеме тоа), а потоа треба да покажеме одлично земање на СИМ од The Unlimited (исто така сме убедени дека можеме да го постигнеме тоа!). Откако ќе докажеме дека партнерството со Electroneum може да прерасне во MVNO ќе отклучиме многу глобални договори кои во моментов гледаат и чекаат!

Запомнете – airtime и податоците се само СТАРТ. Тоа е првиот градежен блок на екосистемот. Сè друго произлегува од тоа, бидејќи дава прва причина да сакаш да ја ЗАРАБОТИШ ЕТN.

Со започнувањето на нашата веб-страница на Gig Economy (целосно поддржана од ETN) што доаѓа во наредните шест недели, ќе им овозможиме на луѓето да научат и продаваат дигитални вештини – да бидат платени во ЕТN. Знаејќи дека ЕТN, со кое се платени, има ВИСТИНСКА вредност во светот за airtime и податоци. Запомнете дека тие можат да ги надополнуваат ДРУГИТЕ телефони на корисниците на мобилни телефони – не само нивни – се додека тој корисник користи бесплатна СИМ од The Unlimited. Тие, исто така, би можеле потенцијално да го продадат својот ЕТN на агент кој потоа може да ги надополни мобилните телефони на луѓето и да направи мал профит (предмет на локални регулации).

Имајќи вредност во примањето на airtime и податоци значи сме го отклучиле претприемачкиот дух и сме им дозволиле на луѓето да ги собираат исфарманите ETN на други луѓе и да ги искористат на иновативни начини, можеби создавање на услуга за дознаки или ETN за готовински услуги и обратно (според локалните регулативи, се разбира).

Промоција на Јужна Африка

Сега имаме нов тим на теренот во Јужна Африка, кој ќе соработува со The Unlimited во Дурбан, а потоа Кејптаун, а потоа и во Јоханесбург, за да го донесат брендот Electroneum до општините и општата популација во текот на следните три месеци. Тоа ќе биде неверојатно нешто за да се види и ние ќе ве известуваме преку нашите социјални канали за она што се случува на теренот.

Нашата цел е да го зголемиме растот на The Unlimited преку вирален раст на Electroneum. Откако ќе ја докажеме оваа симбиоза во реална светска средина, имаме и други глобални MVNOs (па дури и неколку MNOs) внимателно гледајќи што може да донесе успех. Имаме силна Јужноафриканска заедница!

Лансирањето на Electroneum M1 смартфонот

Треба да го видите со свои очи за да верувате – буквално ќе ви падне вилицата колку е добар!

https://electroneum.com/m1/

Реклами за Electroneum M1

Ние соработуваме со голем производител на телефони за да го креираме Electroneum Smartphone – “Телефонот што ви исплаќа назад”. Има фантастична спецификација која вклучува двојна СИМ-картичка (па луѓето можат да имаат СИМ-картичка која е способна да за надополнување на ETN, како и сите други СИМ-картички што тие ги нудат). Тоа е 4G модел со 8GB внатрешно складирање (проширување). Двојна камера, тенок, лесен и убав во Electroneum Blue. Имаме илјадници палети кои се испратени кон неколку меѓународни дестинации баш во овој момент.

Зошто лансираме Electroneum телефон?

Нашето детално истражување на теренот во текот на минатата година ни покажа дека и корисниците и MVNOs, добиваат чувство на додадена веродостојност и доверба од производителите на хардвер. Не е лесно да се изгради телефон! Тоа ја покажува нашата посветеност на мобилната индустрија и ни овозможува да зборуваме со MVNOs на јазик што тие целосно го разбираат, додека ги претставуваме криптовалутите. Од гледна точка на корисникот, му овозможува на корисникот да му верува на новиот бренд (Electroneum) за кој можеби нема слушнато. Постои (за жал) уште многу недоверба во крипто просторот и правиме се што можеме за да се осигураме дека Electroneum се истакнува над сите други криптовалути како оној што верува во партнерствата и долгорочниот развој на бизнисот. Ова е фантастична алатка за создавање на доверба и кредибилитет, истовремено доведувајќи нов вирален механизам за раст во екосистемот. Изгледа добро како телефон од 1000 долари – но најверојатно ќе се продава за околу 80 долари (предмет на поединечни ознаки на дистрибутерите).

Телефонот навистина е Electroneum сè до јадрото, доаѓа со Electroneum позадини, анимиран Electroneum стартап екран и доаѓа со претходно вградена Electroneum App!

Колку го чини Electroneum Project новиот телефон?

Јас сум многу внимателен со она што го трошиме за да се осигуриме дека ја добиваме најдобра можна вредност за долгорочниот успех на проектот. Ние потрошивме пари за да ги изградиме и испорачаме овие M1 смартфони, но всушност ги продаваме со мал профит. Тие ќе бидат огромен помош за вирален раст – со 0 долгорочни трошоци за проектот. Всушност, дури и ќе почнат да внесуваат приходи!

Како можам да добијам еден !?

Првите ќе бидат пуштени во областите на екосистемите кои ги добиваме live – но ние исто така ќе ги испорачуваме од Amazon Marketplace во не толку далечна иднина.

Дали се спрема нешто друго?

Работевме напорно цела една година – се разбира деа се спрема! Ние ќе го чуваме во тајна сè додека не биде подготвено! Држете го на око овој простор – но знајте дека целосно сме посветени да ја направиме Electroneum криптовалутата на народот – исто како што и ветивме.

Electroneum ја има најдобрата заедница во целиот крипто простор и сакам да ви се заблагодарам лично за целата ваша поддршка и заеднички дух!

Ричард Елс

Основач и извршен директор, Electroneum.com

Leave a comment