Новиот Ethereum токен ќе биде поддржан од Биткоин

Американската фирма за крипто-wallets и блокчејн безбедност BitGo, го објави развојот на монета базирана на Еthereum (ЕTH) со поддршка 1: 1 од Биткоин (БТC), според официјалната објава во петокот, 26-ти октомври.

Во соопштението се вели дека Wrapped Bitcoin ќе им обезбеди на корисниците “широк спектар на нови случаи на децентрализирана употреба, вклучително и децентрализирани платформи за размена (DEXs), како заложување на stablecoins или кредитирање, за плаќање и флексибилни паметни договори во рамките на Ethereum екосистемот”.

Големите децентрализирани проекти, како што се Kyber Network, Gnosis, MakerDAO и други, ќе го отворат патот за нови случаи на употреба за ERC-20 монетите во јануари 2019-та година, според соопштението.

Опишувајќи ја престојната монета како “обид за трансформација во заедницата”, BitGo тврдеше дека новиот токен ќе ја донесе “стабилноста и вредноста” на главната криптовалута Биткоин за да ги направи криптовалутите применливи за бизнисите на блокчејнот на Ethereum.

BitGo изјавија дека компанијата го претставиле новото дигитално средство со “целосен доказ за резерва” по “значаен институционален интерес” во токенизација на средствата како хартии од вредност, стоки и недвижен имот.

Според изјавата, секој Биткоин ќе биде објавен на контролната табла со прикажување на адреси и баланси, а корисниците ќе можат да го потврдат секој Биткоин кој е заложен на блокчејнот, и кои се достапни за следење преку Etherscan.

Во почетокот на септември, BitGo се здоби со доверба од државната чартер компанија во Јужна Дакота за да стане сертифициран чувар на криптовалути. Како чувар на имот, BitGo ќе биде предмет на регулаторен надзор во согласност со know your customer (KYC) политиката и против перењето на пари (AML).

Leave a comment