Новиот американски закон би ја казнувал Libra на Facebook по 1 милион долари дневно

Демократите спремаат нацрт-законот за казнување на големите технолошки фирми, како што е Facebook по 1 милион долари дневно, ако тие издадат криптовалути, објави Reuters на 15-ти јули.

Reuters цитира копија од нацрт-законот – и забележува дека предлага да се наметне парична казна од 1 милион долари дневно за секоја фирма која ги крши предложените правила.

Според Reuters, законот е предложен за дискусија од страна на Демократското мнозинство кое го води Комитетот за финансиски услуги на САД, и наводно наведува дека:

“Голема претпријатиска платформа не може да воспостави, да одржува или да управува со дигитално средство кое е наменето да биде широко користено како средство за размена, пресметковна единица, складиште за вредност или која било друга слична функција, како што е дефинирано од Одборот на гувернери на Федералниот резервен систем”.

Во извештајот се забележува дека нацрт-законот со наслов “Keep Big Tech Out Of Finance Act” – се чини дека е знак за зголемена контрола од законодавците предизвикана од неодамнешното откривање на Facebook криптовалутата, која би имала потенцијална изложеност на комбинирани 2,7 милијарди корисници секој месец.

Reuters, сепак, предвидува дека “про-иновациските” Републиканци ќе се потрудат да го блокираат тој потег, и дека законот би можел да се соочи со уште поголем отпор ако треба да помине низ Долниот дом и да се дебатира за истиот во Американскиот Сенат.

Како што е соопштено, Конгресот побара расправи за Libra и побарал Facebook и неговите партнери да наметнат официјален мораториум на развојот на LIbra додека не се испита убаво целиот процес.

Џером Пауел, шеф на американската Банка на федерални резерви, во меѓувреме изјави дека ги признава и потенцијалните поволности и ризици за Libra.

Обновениот интерес околу крипто – делумно предизвикан од најавата на Libra – дури и го поттикна американскиот претседател Доналд Трамп јавно да го искаже своето противење на криптовалутите минатата недела, со специфична референца за Биткоин и Libra. Повеќекратните коментатори го наведоа ангажманот на претседателот како огромна пресвртница за крипто индустријата.

Leave a comment