Нова stablecoin порзана за Австралискиот долар ќе биде лансирана на блокчејнот на Stellar

Нова stablecoin ќе биде лансирана на започнува на Stellar блокчејнот, која е дизајнирана да ја одржува својата вредност со Австралискиот долар (AUD) и ќе се користи за потрошувачки и деловни потреби.

Објавена во вторникот од Novatti Group (Австралиски онлајн платежен процесор) на конференцијата “Money 20/20” во Лас Вегас, Novatti AUD Utility токенот ќе биде лансиран на 19-ти ноември.

Додека традиционално, stablecoins биле алатка за крипто трговците за брзо движење на парите помеѓу платформите за размена, Novatti предвидува својот токен да се користи за почести случаи на користење, како што се девизните дознаки или купувањата.

Питер Кук, управен директор на Novatti, изјави за CoinDesk:

“Мислиме дека луѓето ќе ги искористат stablecoins за да им помогнат на купувачите на стоки од Австралиските претпријатија и мислиме дека исто така ќе ги искористат за плаќање сметки или за услуги во Австралија”.

Novatti, лиценциран дистрибутер на плаќања, ги обработува плаќањата за клиенти како Vox Telecom во Европа и давателот на дознаки од Јужна Африка MoniSend. Кук изјави дека неколку институции надвор од редовните клиенти на Novatti изјавиле интерес за претстојниот токен бидејќи неговото користење бара проверка на идентитетот на клиентот.

“Ние ќе работиме со лиценцирани фирми за пари, банки и претпријатија, кои сакаат пристап до дигитални средства”, изјави Кук, одбивајќи да именува кои банки. “Novatii е јавно наведена компанија на Австралиската берза, така што тоа би требало да им даде на корисниците поголема доверба”.

Оваа вест доаѓа како што се загрева конкуренцијата меѓу stablecoins, со што се активираат неколку нови токени со врски со американски долар оваа година, вклучувајќи ги и Circle’s USD//Coin (USDC), TrustToken’s TrueUSD (TUSD), Paxos’ Paxos Standard Dollar (PAX) и тој на браќата Винклевос Gemini Dollar (GUSD).

Последнава недела сите очи беа вперени кон овие случувања, бидејќи добро познатиот stable coin – tether (USDT) падна под 1$, а голем број берзи брзо ги поставија овие алтернативи. Неодамна, Coinbase изјави дека ќе го поддржи USDC, првата stablecoin во сопственост на оваа платформа.

Нов моментум

Навистина, Лиза Нестор, директорка на партнерства во Stellar Development Foundation, изјави за CoinDesk дека Stellar веќе поддржува најмалку 10 stablecoins, вклучително и USD Anchor, создаден од стартапот Stronghold со помош од IBM.

Барањата продолжуваат да доаѓаат за поддршка на Stellar за нови fiat-врзани опции (познати во заедницата на Stellar како anchors), изјави таа.

“Тука има мрежни ефекти”, изјави Нестор. “Ни требаше речиси една година да ги добиеме нашите први две валутни anchors на мрежата. Но, секој пат кога ќе додадеме, полесно е да додадеме уште една после тоа”.

Но, мотивот за создавање на овие средства исто така се менува, рече таа. “Мислам дека имаше напнатост на крипто пазарот, а тоа ги избрка многу од претходните stablecoins, но, исто така гледаме континуирано усвојување и раст во платниот простор”.

И покрај неодамнешните флуктуации на цените (и покрај намалувањето на цената, останатите stablecoins рипнаа над 1 долари во минатата недела), некои веруваат дека stablecoins можат да понудат побрзи и поефтини начини на испраќање на дознаки.

“На пример, во Венецуела, дури и испраќањето пари преку банките, се разменува со ужасна стапка”, изјави застапникот на Венецуелската stablecoin, Леон Марковиц. Сепак, Марковиц брзо додаде дека крипто стартапите не можат “самите да ја поправат економијата на земјата”.

Токенот на Novatti ќе биде првиот токен на Stellar поддржан од Австралискиот долар, но не и првиот на пазарот. Во септември, Австралиската берза Bit Trade објави дека соработува со платформата за вработување Emparta за лансирање stablecoin во 2019-та година, со што работодавачите ќе можат да платат корисници на Emparta со криптовалути.

Leave a comment