Нова freelancing платформа поддржува 12 различни криптовaлути

Постои нова freelancing платформа наречена Freelance for Coins, која им овоможува на корисниците да објавуваат понуди за криптовалути. Со цел да се олеснат договорите помеѓу корисниците, услугата не само што им овозможува на луѓето да ги објавуваат своите понуди, им обезбедува и месинџер за четување. Исто така, овозможува крипто фактури за монети како BTC, BCH, ETH, XMR и неколку stablecoins.

Freelance for Coins нуди бесплатна услуга за професионалци заинтересирани за крипто плаќања

Криптовалутите се одличен начин за фриленсерите да бидат платени онлајн, бидејќи ќе можат да бидат веднаш исплатени, без повратни трошоци, а средствата може да се испратат без да е потребна дозвола. Новата услуга наречена Freelance for Coins има за цел да ја промовира употребата на дигитални средства и фриленс (хонорарната) работа, овозможувајќи им на корисниците да поставуваат понуди за хонорарни услуги.

“Горд сум што ќе ве запознаам со нашиот нов проект”, објасни основачот на Freelance for Coins за време на лансирањето на проектот. “Сите фриленс работи за криптовалути – Во моментов не постојат такси за платформи – Загарантирано исплаќање за фриленсерите”.

Основачот додаде:

“Целта на Freelance for Coins е да помогне во решавањето на проблемите со кои се соочуваат кфалификуваните работници, и да се создаде поефикасен глобален пазар на труд, со што ќе се намали несогласувањето кое се јавува во денешниот фриленс процес.”

Фактури за 12 криптовалути

Пријавувањето за оваа услуга е интуитивно и бара само е-мејл и лозинка. Во моментов има голем број на понуди од фриленсери на главниот фид за работи како развивање на Python, пишување, креирање на веб-страници, маркетинг на социјални медиуми, web scraping услуги и преводи. Понудите го покажуваат описот на понудената услуга и почетната цена. Под описот, постои копче “купи ја оваа понуда”, што води до област за пораки каде што корисниците можат да спроведат договор на peer-to-peer начин. Откако двете страни ќе постигнат договорена цена, може да се креира фактура во центарот за пораки за криптовалутите како BTC, TUSD, ETH, BCH, EOS, LTC, USDC, USDT, XLM, TRX, DASH и XMR.

Freelance for Coins исто така, има распоред, и за време на првата недела, девелоперот ги интегрира следниве карактеристики: можноста да се објавуваат и уредуваат проекти, наддавање за проекти, чет услуги за понуди и наддавања и крипто фактури. Основачот на проектот, исто така, планира да додаде систем за рејтинг и оцена, анонимен фидбек, интегрирање на социјален профил (Linkedin, Github, Reddit, итн.) , и автоматско откривање на трансакции.

И покрај bear пазарот, фриленсерите нудат крипто услуги

“Ние веруваме дека секој фриленсер во иднина ќе има направено барем еден крипто проект, а годишното усвојување на криптовалутите расте без никакво запирање”, објаснува еден блог пост на Freelance for Coins. “Ние планираме полека да одиме пополека, да привлечеме корисници и да ја заслужиме нивната доверба со тек на време, додавајќи нови функции и да го направиме овој сајт се повеќе и повеќе употреблив секој ден”.

За сега, услугата е бесплатна, но упатството за Freelance for Coins вели дека може да се додаде услуга за зачувување на 1-2% провизија, но стартапот сега за сега препорачува да се користат предплаќања и milestone исплати. Оваа недела, девелоперот на платформата, исто така, додаде категории за понудите за луѓето да можат да  филтрираат какви видови услуги бараат. Основачот на фриленс апликацијата ја извести заедницата на 27-ми февруари и услугата успеа да привлече многу фриленсери.

“И покрај крипто bear пазарот, многу луѓе се подготвени да ги понудат своите услуги за крипто”, објаснува тој.

Leave a comment