Нова веб-страница ветува дека за 10 дена ќе открие кој е Сатоши Накамото

Потрагата по Сатоши Накамото, која со години ги заведува љубопитните крипто интернет корисници, презеде уште еден бизарен пресврт. Новата веб-страница, Got Satoshi, покажува тајмер за одбројување кога ќе го открие вистинското име на креаторот на Биткоин. Откривањето ќе се случи за 10 дена, кога многу биткоин корисници ќе се соберат во Њујорк за годишниот Consensus самит. Иако не е чудно да е мал ПР трик со разочарувачки исход, страницата генерираше значителен интерес, демонстрирајќи ја трајната привлечност на митот за Сатоши.

Каде воопшто се наоѓа Сатоши?

Во текот на човечката историја, мистериозни ликови предизвикале интензивни потери, од Амелија Ерхарт до Перси Фосет. Сатоши Накамото е единствен како прв дигитален застапник по кој светскиот печат, интернет детективите и хобистите трагаат. Тие веќе го бараат енигматичниот творец на Биткоин веќе скоро една деценија, и не изгледа како да му се доближиле на трагата. На 14-ти мај, gotsatoshi.com ќе биде домаќин на најновото откривање на Сатоши Накамото, или барем така тврдат тие.

Веб-страницата е кратка со детали, со единствениот текст кој се состои од “Каде воопшто е Сатоши?” И “Не може да го најдете Сатоши? Пријавете се за разоткривањето во живо.” Мета описот дава малку повеќе детали како ” Пронаоѓач, програмер, гениј, сениште. Кој е Сатоши? И дали светот е подготвен да се сретне со него лице в лице? Следи ги трагите и гледај го нашето демаскирање во живо и бидете едни од првите кои ќе го открие Сатоши, следниот проект кој го промени светот.”

Освен што се бори со англискиот јазик, за разлика од Сатоши Накамото, креаторот на Got Satoshi не може да одлучи дали открива трета страна како основач на Биткоин или самиот Сатоши, како што мисли соодветниот Twitter акаунт.

Паметна вирална маркетинг кампања, но не Сатоши

Доменот Gotsatoshi.com е регистриран во мај 2017-та година, но останал неактивен се до минатиот месец, со архивираната слика на страницата која го покажува времето до откривањето на Сатоши. Можно е големото откритие да остане засекогаш 10 дена далеку, да ги фрустрира гледачите надевајќи се на возбудлива неизвесност, или одбројувањето може да достигне нула само за да открие нова shitcoin, puzzle игра или да ги отпоздрави напорите на маркетинг агенцијата која го направила овој трик.

Leave a comment