Нова блокчејн апликација за проверка на идентитет за заштита на податоците на корисниците

Компанија објави нова апликација за проверка на идентитет со помош на блокчејн за да им помогне на корисниците да избегнат онлајн измами за време на интернет трансакции. Blockpass, исто така има за цел да се спротистави на повторувачката задача за постојано внесување на идентитетот како доказ преку различни платформи, како што се новите банкарски сметки и апликациите за патни документи.

Идејата на проектот е да им овозможи на клиентите да ги складираат своите податоци преку апликацијата со блокчејн, со што се отстрануваат процедурите за рачно усогласување. Откако првично ќе ги поднесат своите лични податоци, идентитетот на клиентот може да биде потврден со “платформите за доверливост”. Потоа “Анонимен криптографски код” кој ги претставува нивните податоци ќе се појави на блокчејнот кој ќе се ревидира самиот. Ова гарантира дека ниеден личен податок не е зачуван во Blockpass системот. Потоа за идни купувања или автентикација, корисниците можат да го скенираат својот “уникатен Blockpass QR код” на веб-сајтот каде што се продава производот за да го потврдат нивниот идентитет. Исто така достапна е и видео анимација каде што се опишува целиот процес.

Нивната “бела книга” сумира се’ од горе наведеното како создавање на “кориснички ориентирана суверена апликација за идентитет за регулирани индустрии и за интернетот пред се”. Тимот вели дека нивниот модел ќе биде од суштинско значење за следната генерација на интернетот “Web 3.0” каде што блокчејн е многу почеста карактеристика.

Процесот за поставување за корисниците на Blockpass е исто така темелен. Клиентите мора да создадат автентичен профил и да обезбедат доказ за своите имиња и адреси како и слика од себе како ги држат нивните идентификациски документи за понатамошно спречување на измами.

Платформата Blockpass ќе има свој интегриран крипто во форма на PASS токен. Овие токени можат да се користат од страна на сопствениците за да добијат попуст на услугите на Blockpass. PASS ќе работи на Ethereum мрежата користејќи ERC20 и кориснички KYC систем, и сите ќе бидат KYC токени за да можат да се пренесат, сопственикот на токенот е предмет на проверка на Blockpass KYC. Почетната монетарна понуда (ICO) ќе започне на 31-ви мај 2018-та година и ќе трае до 30-ти ноември 2018-та година или додека не бидат дистрибуирани сите токени. Ќе има уште два дополнителни настани за продажба во 2019-та и 2020-та година. Токените ќе бидат достапни само од официјални дистрибутери кои се во официјално партнерство со Blockpass. Девизниот курс е 1 PASS = 0,10 евра.

Во други неодамнешни случувања, Blockpass склучи партнерство со AgeChecked, кој ќе помогне да се заштитат децата онлајн. Тоа ќе им помогне на корисниците на веб-страниците да ја докажат својата возраст и да ги спречат оние кои се премногу млади да влезат во места со ограничена возраст. Другите партнерства ги вклучуваат и интеграцијата со Myki Password manager, Holdex ICO платформата, и соработката со Edinburgh Napier University. Овој универзитет ја има креирано Blockpass Identity Lab за развој на нови методи за заштита на податоците од онлајн измами и обиди за хакирање.

До летово 2018-та година, тимот има за цел да ги објави целосните апликации за Android и iOS, со интегриран систем за пораки и реконструиран UX/UI. Во оваа фаза, исто така, ќе го видиме развојот на Blockpass ID клучеви за пристап до DApps.

Во следната фаза кон крајот на 2018-та година, тимот на Blockpass цели кон вклучување кон DApps, услуги за етикетирање на мобилни апликации и платформата да биде со отворен код.

Тимот на Blockpass има широк спектар на искуства во блокчејн технологијата. На пример, извршниот директор Адам Вазири, “биткоин пионер” според списанието Bitcoin, e блокчејн-адвокат кој има поминато неколку години во бизнисот и ко-основал неколку успешни крипто бизниси, како што се Diacle и Bitlegal.io, a извршниот маркетинг директор Ханс Ломбардо исто така има ко-основано успешни стартапи како што е Chain of Things.

Blockpass апликацијата е достапна за преземање од iOS и Android платформите.

Leave a comment