Новата крипто берза ќе биде “100% во сопственост на корисниците”

Хибридната дигитална берза за размена на средства во сопственост на заедницата се надева дека ќе ја поедностави трговијата и инвестициите додека се намалува цената на трансакциите.

Хибридниот модел на DAREX им овозможува на корисниците да тргуваат со трговски претпријатија и хартии од вредност – а приходот генериран од овие трансакции потоа се дели со носители на токени. Со текот на времето, берзата се надева дека ќе стане “навистина корисна и демократска платформа за размена за сите”.

Стартапот се смета за “прва берза од ваков вид”, благодарение на тоа како ги спојува придобивките од централизираните берзи со децентрализирана сопственичка структура. Платформата ќе биде “100% сопственост” од заедницата Darico преку дистрибуцијата на Darico Exchange Community Shares – познати како DECS на скратено.

Истовремено отворајќи го патот за дистрибуција на профит, овие безбедносни токени ќе им овозможат на нивните сопственици да имаат право на глас – на пр. за тоа како берзата ќе се развива во иднина.

Стартапот се надева дека поединците, институциите, професионалните трговци и инвеститорите сите ќе имаат корист од она што берзата има да понуди – овозможувајќи им да тргуваат, да внесуваат и повлекуваат  “најразлични криптовалути”. Во 2019-та година компанијата планира да дозволи корисниците да префрлат fiat средства во и надвор од берзата со картички и банкарски сметки, создавајќи можност за крос-трговија меѓу фунти, евра, долари и крипто.

DAREX е трето лансирање за екосистемот Darico, а DECS е соработка помеѓу Darico и Polymath, “специјализирана токенизирана услуга која им помага на компаниите да лансираан безбедносни токени на блокчејн”. Токените ќе бидат дистрибуирани до заедницата на 10 јануари 2019-та година.

Безбеден, брз, сигурен, транспарентен

Тимот зад DAREX вели дека хибридната берза ќе се гордее со “транспарентен бизнис модел”, каде што истакната ревизорска куќа ќе произведува квартални извештаи кои се во согласност со меѓународните стандарди – практика што најчесто се следи од конвенционалните финансиски компании. Бета верзија на платформата ќе биде лансирана на почетокот од следната година.

Од безбедносен аспект, DAREX вели дека ќе се користи cold storage “отпорен на нeуспех” кој ги заштитува средствата што се чуваат на берзата, додека се осигурува дека тие се достапни во секое време. Системот за мониторинг, исто така, ќе ги следи активностите на платформата “нон стоп” – помагајќи да се означи некоја сомнителна или аномална активност. Се надеваме дека овие функции нема да бидат на сметка на брзината на трансакцијата – со ниски латентни механизми “дизајнирани за да се осигураат дека трговувањето се извршува беспрекорно и брзо”.

Нудејќи визија за тоа како неговата платформа ќе изгледа во иднина, нивната бела книга додава: “Со ликвидноста на пазарот на криптовалути постепено зголемувајќи се, ние веруваме дека до 2020-та година ќе се имплементира децентрализирана структура на берзите. Ова ќе овозможи целосна слобода во трговијата и ќе и овозможи на заедницата слободно да тргува со каква било криптовалута која се смета за важна”.

Darex е најновиот производ на Darico Ecosystem кој исто така вклучува и GNIUS, wallet на Darico кој поддржува Биткоин, Ethereum, Neo и повеќе од 2000 ERC20 и NEP-5 токени. Екосистемот исто така содржи NUYS – терминал кој им овозможува на клиентите пристап до нивниот wallet на екосистемот и Index Fund.

Darico е инкорпориран во Швајцарија и има канцеларија во Гибралтар – а има и членови на тимот со седиште во Дубаи, Полска, Цирих и Украина.

Концептот за нивниот екосистем започна да постои кон крајот на 2016-та година, а понатаму беше доразвиен во текот на 2017-та година. Неговото предпродажба се одржа во 2017-та година, а потоа следеше токен продажба за DEC која што започна во 2018-та година.

 

Leave a comment