Не, Биткоин не е тајно замешан во Американските избори

Статијата ја пишува Брајан Форд, кој неодамна се кандидираше за Американскиот конгрес во 45-тата област на Калифорнија и беше основач и директор на Иницијативата за дигитални валути на MIT. Претходно, тој беше виш советник за технологија во Белата куќа на Обама.

Во предвечерието на најважните избори на нашето време, видовме што дезинформирањето може да направи. Страв од непознатото, страв од промени. Во овие времиња, ние треба да бидеме претпазливи за тоа како ќе испитаме што е ново или различно.

Стотици статии се напишани за придонесите за кампањи направени со криптовалути – и премногу често тие го прават тоа погрешно. Многу од овие статии се испреплетени со фактички грешки, но повеќе вознемирувачки е тоа што предизвикуваат страв од нешто ново, засновано на длабоко недоразбирање.

Знам затоа што, за време на мојата неодамнешна кандидатура за Конгресот, околу 300.000 долари од моите кампањски придонеси беа донирани во криптовалути.

Јас не бев кандидат кој работи против владата. Бев виш советник за технологија во Белата куќа на претседателот Обама, кој го напиша записникот од Белата куќа за Биткоин и го информираше претседателот за оваа технологија.

По напуштањето на Белата куќа, ја започнав лабораторијата за истражување на криптовалути на MIT, за да му помогнам на светот подобро да ја разбере оваа нова технологија и нејзиното глобално влијание – и тоа е она што сакам да го направам во оваа статија.

Еве некои од најголемите заблуди:

  • Прво, важно е да се разбере обемот на придонесите за кампањата направени со криптовалути. Една статија тврди дека Американските конгресмени собрале 550.000 американски долари во криптовалути од 2014-та година. За да се стави таа бројка во перспектива, износот е еднаков на 0,032 проценти од повеќе од 1,7 милијарди долари што ги покренаа кандидатите од изборниот циклус за 2014-та година. Додека износот дониран во криптовалути е дел од една десетина од процентот од вкупните придонеси, авторот тврди дека обемот и заканата се големи бидејќи виртуелните валути се користат од повеќе од 3 милијарди луѓе. Не, речиси 40 проценти од светската популација не користи криптовалути. Зборовите виртуелни валути, виртуелни пари и криптовалути неточно се користат наизменично. Како резултат на тоа, на крајот завршуваме со неточни информации кои се дадени во Американските конгресни сослушувања и се повторуваат во статиите. Виртуелните валути се најширокото име и вклучуваат производи како airline miles и Starbucks картички. Star Alliance поени не претставуваат закана за интегритетот на нашите избори, ниту пак се корисниците на криптовалути, кои веројатно се бројат во десетици милиони.
  • Второ, некои тврдат дека криптовалутите се поврзани со нелегални активности, вклучувајќи и перење пари, без да напоменат дека истото важи и за готовина и кредитни картички. Владата на Велика Британија рангираше начини на кои тие пари се перат. Банките беа на прво место и биткоин беше на дното од листата. Врз основа на тоа, средствата за плаќање не треба да бидат наш лакмусов тест за да се утврди како кандидатите, или некој друг, можат или не можат да добијат пари. Ако е така, ние нема да можеме да користиме готовина, кредитни картички или банкарски сметки. Тие понатаму тврдат дека странските државни личности користеле криптовалути за да влијаат на изборите во САД без критички детали за разјаснување на овие тврдења. Странските државни личности користеа криптовалути за да купат имиња на интернет домени и да платат за серверската инфраструктура – а не да донираат на кандидатите за Конгрес. Технологијата отсекогаш била користена за добри и лоши цели. Криптовалутите не се нешто поразлични. Во слободно и отворено општество, ние не го забрануваме користењето на интернет или социјалните медиуми како одговор на злогласните употреби од странски личности. Ние работиме со лидерите во приватниот сектор, образование и креирањето политики за да развиеме разумни решенија за решавање на акутните проблем.
  • Трето, критичарите исто така сакаат да тврдат дека за разлика од готовина или чекови, криптовалутите не можат лесно да се проверат од страна на јавноста и дека треба да ги објавиме wallet addresses кои направиле придонес. Придонесите направени со криптовалути бараат исти барања за известување како придонесите направени со пари, чекови и кредитни картички – објавување на полното име и адреса на донаторот. Важно е да се напомене дека готовината е најинонимна форма на плаќање во светот – но сепак прифатена од секоја кампања. Најголемиот дел од придонесите за кампања се прават со кредитни картички. Најлесен начин за странски државјанин илегално да придонесе за кампања е со припејд дебитна картичка купена со готовина во продавница – не криптовалути. Тоа би било прекршување на финансиската приватност и безбедност на поединецот ако се објави адресата на wallet-от со нивното полно име и домашна адреса. Истото важи и за јавно објавување на броеви на банкарски сметки на донатори кои пишуваат чекови или броеви на кредитни картички за оние кои придонесуваат онлајн. Всушност, за безбедносни цели, повеќето кампањи немаат пристап до броеви на кредитни картички на донатори.
  • Четврто, аналитичарите кои се во заблуда изјавија дека биткоин е “монета за приватност” и затоа е анонимен. Всушност, не е ни двете. Важно е да се знае дека употребата на криптовалути е високо регулирана во САД. Всушност, секоја Американска компанија за крипто wallets е подложна на строги know-your-customer закони како и тие за спречување на перење на пари, надгледувани од управното тело на Американското Министерство за финансии, кој бара wallet компаниите да знаат точно кој ги користи нивните wallets.

Додека биткоин бил измислен пред повеќе од 10 години, сè уште има премногу заблуди во врска со технологијата. Заблудите доведуваат до страв и страв доведува до хистерија. Во овој момент поважно е јавните службеници да се водени од факти, а не од хистерија.

Од еден од нашите избрани претставници ќе биде побарано да ја регулира оваа нова технологија. Второ, оваа технологија се развива за уште поголемо учество.

Во 2016-та година, речиси 300.000 гласачи во странство кои побараа гласачки ливчиња не беа во можност да ги вратат на своите окружни службеници. Не бев изненаден од овој број. Живеев во странство додека служев во Мировниот Корпус и испратив мои гласачки ливчиња само за да бидат неважечки за време на моето служење во Никарагва.

Бредли Туск, поддржувач на мојата кампања, работи со официјални претставници во Западна Вирџинија за решавање на овој проблем, овозможувајќи им на нашите Американци кои служат во странство да гласаат со мобилна апликација изградена со крипто и блокчејн технологијата. Оваа технологија ќе обезбеди 19.000 машки и женски гласови кои отслужуваат- кои претходно беа неважечки – да бидат вбројани на овие меѓуизбори.

Значи, додека криптовалутите дефинитивно не се “мешаат” во меѓуизборите, технологијата која ги поддржува, всушност, може да ги направи изборите по претставителни.

Ова е нешто кое е вредно да се разбере , и за што вреди да се пишува.

 

Leave a comment