Непотврденo: TRON во партнерство со Кинескиот Google, Baidu

Тимот на крипто проектот TRON (TRX), наводно, се здружил со најголемиот Кинески интернет пребарувач Baidu. Весникот за крипто пазарни вести Coinness го тврдеше истото во еден свој твит во четвртокот, 11-ти октомври, цитирајќи ја својата приватна коресоденција со тимот на TRON.

Без да ги специфицира деталите за партнерството, Coinness тврди дека договорот помеѓу TRON и Кинескиот интернет гигант Baidu ќе биде “официјално” откриен од страна на cloud storage service-от на Baidu наречен  Baidu Cloud  “следната недела”.

Додека Coinness тврди дека TRON екслузивно го потврдил партнерството во приватна кореспонденција со нив, самата крипто платформа сè уште официјално не објави детали за партнерството, дури ни идентитетот на својот нов деловен партнер.

Генералниот извршен директор на TRON, Џастин Сан неодамна навести на Twitter дека се во тајно партнерство со неименуван “индустриски гигант”, кој се проценува на “десетици милијарди долари”. Во својот твит, објавен во петокот, 12-ти октомври, Сан на сличен начин даде и малку информации:

“Конечно, прв пат да се здружиме со десетици милијарди долари вреден индустриски гигант. Погодете му го името.”

Како што беше споменато на веб-сајтот на ТРОН, децентрализираната интернет компанија TRON Foundation е основана во Сингапур во јули 2017-та година, додека протоколот со отворен код на TRON беше пуштен во употреба во декември 2017-та година. Компанијата има двојно седиште во Пекинг и Сан Франциско и тим од над 100 вработени низ целиот свет, а некои од нив се поранешни вработени на Кинеските интернет-гигантите, како што се Alibaba, Tencent и Baidu.

Кон крајот на септември, TRON објави детали за своето партнерство со популарниот торент клиент BitTorrent. Соработката меѓу двете компании наречена “Project Atlas”, наводно, ќе им овозможи на корисниците на BitTorrent клиентот да добијат награди во TRON за seeding на торент-датотеки.

Претходно во август, Baidu им се приклучи на Tencent и Alibaba во спроведувањето на новите антикрипто политики во согласност со целокупниот засилен став на Кина за оваа индустрија. Фирмата затвори најмалку два популарни крипто форуми, со известување до своите корисници дека мерките на Baidu се во согласност со “релевантните закони, регулативи и политики.”

На 26-ти септември, Baidu ја издаде својата Baidu Blockchain White Paper V1.0, со цел да создаде “независен развоен  мрежниот систем ‘Super Chain’”.

TRON е моментално единаесетата по големина криптовалута по market cap, според податоците на CoinMarketCap. На 25-ти јуни, TRON го прослави својот “Ден на независноста”, кога мигрираше од блокчејнот на Ethereum (ETH) на свој сопствен независен јавен блокчејн.

Од прес-време, TRON тргува со 0,023 долари, до 2,79% на денот. На 5-ти јануари 2018-та година, монетата ја виде целата својата највисока цена од 0,217 долари, што беше проследеноа со пад од вредност од речиси 90% во текот на остатокот од годината – во услови на општо опаѓање на крипто пазарот.

Leave a comment