Некои имоти се уште се продаваат за криптовалути и покрај bear пазарот

Биткоин и многу други дигитални средства изгубиле повеќе од 80 проценти од нивната вредност од 2017-та година. И покрај тоа, трендот за луѓе кои продаваат куќи за криптовалути продолжува да напредува среде еден од најдолгите bear пазари во историјата на крипто.

Трендот на недвижности и крипто средства продолжи и во 2019-та година

Ова е еден од најдолгите bear пазари досега во биткоин периодот, но поддржувачите на дигитални средства се надеваат дека падовите на вредноста наскоро ќе завршат. Поради падот на цените, целата крипто економија е погодена, бидејќи блокчејн компаниите претрпеа отпуштања и значително се намалија интернет пребарувањата поврзани со криптовалути. Сепак, не сите крипто трендови се намалени: луѓето се ‘уште се заинтересирани за конференции фокусирани на крипто, а волуменот на over-the-counter биткоин (OTC) се зголемува. Уште еден тренд кој успеа да преживее е пазарот на недвижности и неговата нова врска со криптовалутите. Назад кон крајот на 2017-та година, кога крипто средствата беа исклучително вредни, луѓето продаваа недвижен имот за биткоин и други криптовалути. И сега, дури и по падот на вредноста од 80+ проценти, поединците и фирмите за недвижнини сè уште продаваат домови на пазарот за дигитални валути.

Сопствениците на домови во Австралија сè уште ги продаваат за криптовалути

На 30-ти јануари, локален новински медиум објави дека имотите во Австралија се уште се продаваат за биткоин и други криптовалути. На пример, агенцијата за недвижности Ray White продава луксузен стан со три бањи во Сурферс Парадајз за 580.000 долари, а сопственикот е подготвен да прифати плаќање во BTC. Во предградие на Дарвин, стан се продава за околу 126 BTC или 600.000 долари. Приватниот оглас вели: “Ние сме среќни да прифатиме Биткоин или било која друга голема криптовалута наместо австралиски долари за овој имот”. Не само што се продаваат домови за криптовалути во Австралија, туку и луѓето можат да купуваат парцели земја со дигитални средства. Друг оглас кој се наоѓа во градот Хелидон, Квинсленд има сопственик на куќа што бара еквивалент од 86.000 долари платени во BTC. “Можете да го купите овој имот целосно со користење на биткоини”, се вели во огласот.

Постојат луѓе кои објавуваат на пазарот луксузни апартмани, имот и сл. за дигитални средства во 2019-та година

Австралија не е единствениот регион каде владее овој тренд, бидејќи огласите за недвижнини што се продаваат за криптовалути станаа потпора во последните две години. На пример, во Сан Франциско, според реклама на Craigslist, имот од минатиот век може да се купи за 3,3 милиони долари. “Продавачот може да разгледа различни понуди, вклучувајќи и плаќање со биткоин или други форми на криптовалути”, објаснува рекламата.

Во Хугсон, Калифорнија, можете да купите имот од 2,3 милиони долари од 5,138 квадратни стапки, со четири спални соби. Имотот, исто така, вклучува 14 хектари земјиште и е дизајниран од страна на Конрад Санчез. За 70 BTC,може да се купи имотот во прекрасниот регион на Плаја Колорадо, кој вклучува сопствен приватен клуб на плажа и членство во ресторан. За 900.000 долари во дигитални валути, добивате 3 спални, 1.800 квадратни метри Ки Вест имот за продажба се наоѓа на Садлбанч Ки.

Многу парцели и површина за продажба

Домови и апартмани не се единствените типови на имот што можат да се купат со криптовалути, бидејќи има и многу парцели за продажба. Можете да ги користите BTC, ЕТH или LTC за да купите 41 хектари земјиште покрај Балтичкото Море, кое се состои од осум меѓусебно поврзани парцели.

Во Олбрајтсвил, Пенсилванија, некој може да купи  ½ акр од ова популарно земјиште во Поконос за дигитални валути. Постојат речиси 12 хектари земјиште за продажба што се граничи со Боис во регионот Свит, Ајдахо и сопственикот е заинтересиран за продажба со дигитални валути. Или, ако сакате цела област, за 475.000 долари во крипто можете да купите фарма со површина од 300 хектари со вода во Бузе, Аризона.

Се чини дека луѓето се уште наоѓаат вредност во продавањето луксузни домови, станови и многу површина во замена за криптовалути. Ниската крипто вредност може да ги поттикне сопствениците да продаваат имот затоа што во суштина можат да соберат многу повеќе монети. Досега, во 2019-та  година, се уште има многу продавачи кои се привлечени од оваа форма на плаќање и се среќни да прифатат криптовалути наместо fiat во замена за имот.

Leave a comment