Недостатокот на разновидност во Ethereum Smart Contracts може да предизвика ризик за целиот екосистем

Недостатокот на разноликост на Ethereum (ETH) smart contracts претставува закана за блокчејнот на Ethereum, според истражувањето на група аналитичари од Northeastern University и University of Maryland, објавено на 31-ви октомври.

Документот, под наслов “Анализа на договорната топологија на Ethereum”, тврди дека повеќето Ethereum smart contracts се “директни или речиси копии на други договори”, што претставува потенцијален ризик ако копираниот smart contracts содржи ранлив или багуван код.

Студијата, делумно поддржана од Националната научна фондација на САД, ги анализира биткодовите на Ethereum smart contracts за време на првите 5 милиони блокови, што опфаќа речиси тригодишна временска рамка од почетокот на криптовалутите во 2015-та година. Истражувачите, исто така, собраа и модифицираа податоци преку Виртуелната машина на Ethereum, наречена geth, со цел да се логираат сите интеракции помеѓу договорите и нивните корисници.

До денес, за Ethereum smart contracts  “шанси да бидат создадени од други договори се три пати поголеми”, отколку од корисниците, покажа студијата. Покрај тоа, над 60 проценти од договорите “никогаш не биле во интеракција”, додека помалку од 10 проценти од договорите на кои се поддржани од корисниците се уникатни. Истражувањето покажа дека  кодот на Ethereum постојано повторно се употребува , и кој наводно, може да има “широко распространето влијание врз корисничката популација на Ethereum”, и покрај тоа што, исто така, веројатно е “движечка сила зад успехот на Ethereum”.

Со оглед на малата разновидност на smart contracts на Ethereum како потенцијален ризик за целиот блокчејн екосистем, истражувачите споменаа дека Ethereum неколку пати стана предмет на “багови од висок левел”, што резултираше со замрзнување на криптовалути во вредност од 170 милиони долари. Истражувањето заклучи дека повеќекратните имплементации на “основната функционалност на договорот” на Ethereum на крајот ќе ја “подобрат одбраната на Ethereum”.

Развиена од Виталик Бутерин, Ethereum е јавна платформа базирана на блокчејн со отворен код која има карактеристики на smart contracts, како и нејзината сопствена криптовалута Еther. Лансирана на 30 јули 2015-та година, Ethereum сега е втора по големина криптовалута по market cap од околу 20,6 милијарди долари, со цена од 200 долари од прес време.

Во средината на октомври, се известуваше за безбедносен напад на Ethereum smart contracts што предизвика загуба од околу 38.000 долари за платформата за забава за возрасни SpankChain и нејзините корисници.

Во април 2018-та година, втората најголема крипто-берза по обем на тргување OKEX  ги суспендира сите ERC20 токенски депозити откако откри “нов smart contract баг”, кој наводно, им дозволува на хакерите да “генерираат екстремно голема количина токени и да ги префрлуваат на нормална адресa”.

Leave a comment