На IBM му се додели патент за блокчејн безбедносен систем

Техничкиот гигант IBM неодамна доби патент за безбедносен систем базиран на блокчејн. Пријавaта на патентот беше објавенa на веб-сајтот на САД за патенти и трговски марки (USPTO) во вторникот, 2-ри октомври.

Како што објаснува IBM во документот за прв пат поднесен во септември 2017-та година, технологијата овозможува откривање на прекршувања на безбедноста во рамките на мрежата преку поврзување на сите монитори со синџирска конфигурација, која ги регистрира сите настани во мрежата. Ова, пак, може да помогне да се спречат различни видови на хакирања.

Според деталното објаснување што го дава IBM, во мониторот лесно може да се упадне ако системот е регуларен, бидејќи “ниту еден од уредите не знаат едни за други”, а хакерите можат да ги “исчистат” минатите настани за да добијат контрола.

Меѓутоа, во рамките на блокчејн безбедносниот систем, веднаш може да се најде хакерскиот монитор, бидејќи во таков случај синхронизираните монитори нема да имаат консензус. “Доколку информациите добиени за одреден настан или трансакција се разликуваат, тогаш еден монитор може да е компромитиран”, објаснуваат тие.

Употребата на блокчејн технологијата во мониторските системи ќе помогне да се создаде “помалку ранлива” мрежа и да се обезбеди поголема безбедност, тврди IBM.

IBM го дели првото место на глобално ниво со инеската корпорација за електронска трговија Alibaba во однос на поднесените патенти поврзани со блокчејн. Како што соопштува неодамнешниот извештај на iPR Daily за интелектуална сопственост, Alibaba има регистрирано 90 патенти, додека IBM следи позади нив со 89 патенти.

На пример, во средината на септември, IBM поднесе уште еден блокчејн патентен во областа на безбедноста. Оваа пријавата за патент е поврзана со правилата за приватност за дронови во случај на висок ризик.

Подоцна во септември, на IBM му беше доделен патент за автономно самостојно сервисирање на мрежни уреди кои се дел од неговата автономна децентрализирана мрежа со еднакви перспективи (ADEPT).

Leave a comment