На некои места во Пекинг им е забрането да бидат домаќини на крипто-евенти

На трговски центри, хотели, ресторани и канцелариски згради во центарот на Пекинг им беше наредено да не обезбедуваат места за активности кои промовираат криптовалути.

Документот, кој прво се рашири на интернет во средата, укажува на тоа дека владата на округот сега ги им забранила на комерцијалните недвижности да прават хостинг настани поврзани со “разговори за криптовалути и нивна промоција”. Изгледа дека документот бил издадена на 17-ти август од одделот за финансиски услуги во областа Чаојанг во Пекинг.

Официјален претставник од одделот во средата за CoinDesk потврди дека документот е автентичен, додавајќи дека истиот бил издаден поради неодамнешните забелешки за промотивни активности хостирани во комерцијални објекти. Службеникот не даде дополнителни детали.

Сепак, врз основа на документот, одделот за финансиски услуги има намера да ја заштити финансиската безбедност на јавноста, да ја зајакне позицијата на Кинескиот јуан како легална валута во Кина и да го стабилизира финансискиот систем на земјата.

“Ние сега им наредуваме на секој трговски центар, ресторан, хотел и службена зграда да не обезбедуваат места за настани што промовираат или зборуваат за криптовалути, и мора да пријават до надлежниот орган ако се пронајдат такви активности”, стои во документот.

Објавувањето доаѓа како последен пример во кој настаните поврзани со криптовалути во Кина се ставени под контрола на регулаторите.

Во април, во Шангај конференција на тема блокчејн бекинше преата од полицијата, а потоа беше откажана. Според гласините тоа се случило поради присуството на говорница на настанот која содржела проект за почетни монетарни понуди.

Веста, исто така, следи и попречување на присуството на Кинески крипто- медиуми на гигантот за пораки WeChat.

Leave a comment