Најстариот Швајцарски универзитет му додели почесен докторат на Виталик Бутерин, ко-основачот на Ethereum

Универзитетот во Базел додели почесен докторат на ко-основачот на Ethereum (ЕTH) Виталик Бутерин, според официјалната изјава на веб-страницата на универзитетот вчера, 30-ти ноември.

На Факултетот за бизнис и економија на најстариот универзитет во Швајцарија му се доделува докторат на Бутерин за “извонредни достигнувања во областа на криптовалутите, smart contracts и дизајнот на институциите”, како што истакна универзитетот во неодамнешниот твит напишан на нивниот официјален профил на Twitter.

Почесна диплома беше доделена од страна на деканот Александер Берентсен, професор по економска теорија и декан на Факултетот за бизнис и економија при годишната прослава на Универзитетот “Dies academicus”  што се одржа во петокот, 30-ти ноември.

Универзитетот во Базел посебно го истакна “значајниот” придонес на Бутерин за промовирање на идејата за децентрализација, како и “еднакво учество во дигиталната револуција”. Факултетот нагласи дека Бутерин “ги напишал своите научни трудови без диплома и обврска кон универзитет”.

Во јули 2018-та година, Бутерин ги критикуваше централизираните берзи, наведувајќи дека таквите институции “треба да изгорат во пеколот”. Девелоперот на софтвер тврди дека крипто заедницата треба да се соочи со идејата за “глупав крал со моќ” и го потврди својот силен позитивен став кон децентрализацијата.

Во почетокот на ноември, Бутерин откри некои детали за претстојната надградба на мрежата Ethereum. Нарекуваниот “Serenity”, претстојниот Ethereum 2.0, наводно, ќе прифати повеќе проекти на Ethereum кои се собирани уште од 2014-та година. Без да се наведе датумот на надградбата, Бутерин тврдеше дека “навистина не е толку далеку во иднина”.

Лансиран во летото 2015-та година, Ethereum е една од главните криптовалути, како и платформа за јавен блокчејн со smart contract и обезбедува основа за децентрализирани апликации (DApps).

Оваа altcoin е трета по големина криптовалута во смисла на пазарна капитализација, неодамна ја изгуби својата позиција како втора од Ripple (XRP). ЕТH го забележа своето највисоко ниво од 1.400 долари во средината на јануари, што беше проследено со огромна продажба оваа година. Ethereum тргува на 112,72 долари од прес време, според CoinMarketCap.

 

Leave a comment