Најмладиот Биткоин милионер лансираше криптовалута која исто така се нарекува и “Libra Killer”

Апликацијата за крипто плаќања наречена Metal, ја лансираше целосната верзија за она што велат креаторите дека ќе доминира на пазарот над Libra на Facebook.

Во објавата на социјалните мрежи на 19-ти август, Ерик Финман, кој го основаше Metal заедно со поранешниот ко-основач на QuickCoin, Маршал Хајнер, потврди дека корисниците сега можат да испраќаат и примаат различни криптовалути.

Libra Killer“ ќе го предизвика Facebook со крипто

Metal функционира како апликација за P2P плаќања, и сега поддржува разни токени, вклучувајќи Биткоин (BTC) и Eтер (ETH). Претходно, единствената опција за плаќање, поддржана од апликацијата, беше нивниот сопствен токен, Мetal (MTL).

„Конечно ќе им го донесеме крипто на луѓето – на начини на кои Facebook со Libra само посакуваат да можат“, резимира Финман, кој самиот стана славен како најмладиот милионер во светот на Биткоин.

Тој продолжи да објаснува дека понудата на крај ќе ја уништи Libra, дигиталната валута на Facebook, која допрва треба да биде одобрена од регулаторите и лансирана.

Големи компании заинтересирани за крипто-плаќања

Овој проект наиде на повеќе регулаторни пречки низ целиот свет, проблем што не го одврати Facebook од собирање на јазли за да го изврши. Некои од најголемите имиња во финансиите, како што се PayPal и MasterCard, се согласија да платат 10 милиони долари за привилегијата.

Оваа недела дополнително се појави вест дека големата крипто берза Binance ја подготвува Venus, уште еден крипто конкурент на Libra.

Дебито на Metal во меѓувреме доаѓа еден месец по формирањето на партнерство со крипто-базирана социјална мрежа, Steemit. Заедно со додавање на нивниот токен, Steem (STEEM),Metal му дозволи на Steemit да додаде содржина во својата апликација.

„Ние исто така му дозволивме на Steem да го преземе делот Discover во апликацијата Metal Pay – прво вакво нешто за нас – каде што се поврзавме со тони интересна содржина за да ги запознаеме нашите корисници со блокчејнот на Steem и неговата платформа за објавување, Steemit“, напишаа официјалните лица во блог пост.

Leave a comment