Најдете работа платена со BCH користејќи Workforbitcoins.com

Во денешно време, се повеќе и повеќе луѓе се потпираат на приходи од фриленс работни места, а бизнисите често ангажираат професионалци кои живеат на друго место. Прекуграничните плаќања во рамките на традиционалниот финансиски систем се бавни и понекогаш проблематични. Работодавачите и барателите на работа сега можат да ги користат веб-сајтовите како што се Workforbitcoins.com за да плаќаат и да бидат платени со криптовалути.

Платформата поддржува P2P исплата помеѓу работодавачите и хонорарците

Workforbitcoins е нова платформа која ги поврзува бизнисите со хонорарците. Работодавците можат да ја користат за да вработат луѓе кои би биле исплатувани во монети, а крипто ентузијастите можат да најдат работа и да бидат платени во нивната омилена дигитална валута. Пет криптовалути се поддржани во моментов -bitcoin cash (BCH), bitcoin core (BTC), litecoin (LTC), eтереум (ETH) и токен наречен experiencecoin.

Веб-страницата има корисна алатка за пребарување која ви овозможува да најдете огласи за работа по клучни зборови. Исто така можете да ги пребарувате рекламите по категории како што се софтвер девелопер, маркетинг, блокчејн и дизајн. Најновите крипто работни места се наведени и на почетната страница. Кликнете Ctrl + F, напишете BCH и ќе ги најдете оние кои се платени со bitcoin cash.

На пример, огласот за една реклама гласи: “Ни треба една статија од околу 500 зборови преведена од француски на англиски. Статијата е за потребните квалитети за играње шах”. Авторот на огласот го поставил буџетот за проектот на 0,02 BCH (околу 8 долари). Хонорарците од САД, Канада, Норвешка, Нигерија, Индија и Иран поднеле 14 понуди за оваа работа.

Workingforbitcoins нема трошоци за хонорарци кои можат да бараат работа, а исто така можат да објават резиме за тоа што можат да работат. На пример, можете да ангажирате хонорарец под никнејмот “red” кој е Швајцарски државјанин кој живее во Пекинг и преведува содржина поврзана со блокчејн од англиски, кинески и германски на француски јазик. Цената по која “red” работи е 0.00403 BTC (приближно 32$).

Плаќањата меѓу двете страни се вршат на peer-to-peer основа. Од работодавачите се бара да ја обезбедат адресата од паричникот од коиј имаат намера да платат за услугите на ангажираните хонорарци. Тоа е со цел да се провери дали тие ги имаат средствата за задачата што сакаат да ја нарачаат. Нивната крипто адреса се чува приватно. Тие кои ги објавуваат огласите можат да иницираат разговори со понудувачите користејќи го чет системот на платформата.

Leave a comment