Најголемото пристаниште во Европа во партнерство со Samsung ќе тестираат блокчејн за испораки

Најголемото пристаниште во Европа, пристаништето во Ротердам, соработува со големата Холандска банка ABN AMRO и IT подружницата на Samsung за тестирање на блокчејн за испораки, стои во објавата на Samsung за медиумите на 22-ри октомври.

Според Samsung SDS – одделот за IT и технологија, креиран од Корејскиот технолошки гигант Samsung, тестот ќе се фокусира на контејнери за испорака од неименувана фабрика во Азија до пристаништето во Ротердам.

Првиот тест ќе биде завршен од страна на трите горенаведени партии, со планови за подоцна да се отвори мрежата за други компании. Според официјалното соопштение на пристаништето во Ротердам, експериментот треба да започне во јануари 2019-та година, додека резултатите ќе се објават во февруари.

Членовите на блокчејно испитување очекуваат дека технологијата може да помогне да се намали времето потрошено за пратки и да се поедностават финансиските трансакции. “Транспортот, следењето и финансирањето на товарот и услугите треба да биде исто толку лесно како нарачувањето книга преку интернет”, вели Смитс во соопштението за печатот на пристаништето.

Сангхун Ли, претседател на Samsung SDS EU / CIS, нагласува дека ова тестирање е прво во историјата каде што работат различни блокчејн платформи:

“Она што е особено важно за проектот е тоа што за прв пат во прилично кратката историја на оваа технологија можеме да имаме различни блокчејни кои работат заедно. Ова се случува преку сеопфатен “notary” кој ги поврзува целосно одделните блокчејни во Кореја и Холандија.”

Блокчејн решенијата се широко тестирани и имплементирани за да се подобри меѓународната транспортна логистика. Претходно овој месец, Шпанскиот град Валенсија, кој има една од најпрометните пристаништа во земјата, објави дека ќе создаде проект за “паметни пристаништа” што би можел понатаму да се применува во другите големи пристаништа.

Во септември, водечкиот пристанишен оператор во Велика Британија, Associated British Ports (АBP), објави дека ќе учествува во тест-испораки користејќи децентрализирани решенија, додека пак во текот на јуни Данска ги објави своите планови за спроведување на блокчејн за локалните бродови регистрирани како дел од  ЕУ блокчејн партнерство.

Leave a comment