Најголеми кражби во историјата на биткоин и како тие беа извршени

Историјата на Биткоин е полна со хакерски напади и кражби, што понекогаш резултира со биткоин загуби од по шест цифри од и бизнисите банкротираат и не можат да ги вратат своите клиенти назад. Оваа статија ги истражува најголемите кражби во биткоин историјата и објаснува како секоја од нив беше извршена.

Профитабилен криминал

Со големиот пораст на вредноста на криптовалутите, кражбите станаа многу профитабилни за хакерите. Најголемите цели досега се крипто берзите со слаби безбедносни мерки. Со оглед на тоа што голем број корисници на крипто немаат сопствени приватни клучеви, своите монети ги чуваат на овие берзи, затоа честите кражби се неизбежни. Фирмата за блокчејн податоци Chainalysis детално опиша во својот јануарски извештај:

Хакирањето на берзи е далеку најисплатливиот вид на крипто-криминал, што генерира околу една милијарда долари од хакерски напади само во 2018-та година.

Кога се мисли на “кражби на берза и измами”, блокчејната безбедносна компанија Ciphertrace проценува дека тие “може да изнесуваат повеќе од 1,2 милијарди долари само во првиот квартал од 2019-та година”.

Како што мерките за безбедност на берзите се заоструваат со текот на времето, бројот на монети кои хакерите можат да ги крадат се намалува. Како што истакнува Chainalysis, “Крипто криминалот се зголемил во 2018-та година, но тоа претставуваше помал дел од многу поголем пазар. Навистина, според нашата анализа, нелегалните трансакции сочинуваа помалку од 1% од вкупната економска биткоин активност во 2018-та година, што е намалување од 7% во 2012-та година.”

Најголеми кражби и како тие беа изведени

Последната епизода од новата видео серија на Bitcoin.com, под наслов “5 најголеми биткоин кражби во историјата – рангирани”, ги испитува најголемите биткоин кражби и Ponzi шеми, и детално објаснува како секоја е изведена. Најславните крипто времиња започнаа во 2011-та година, брзо се покачија во текот на следните две години, и продолжија до денес. Како што беше опишано во видеото, хакерите успеале да украдат суми што изнесувале 650.000 BTC, 120.000 BTC и 100.000 BTC – од само неколку спомнати.

Во видеото неизбежно се појавува Mt. Gox кражбата во која биле украдени 650.000 биткоини во текот на 2013-та година од страна на уште непознатите хакери. Со години жртвите на хакерскиот напад го обвинуваа главниот извршен директор Марк Карпелес за кражба, но Јапонските судови на крајот го ослободија. Друг голем хакерски напад во Јапонија ја погоди една од најголемите крипто-берзи во земјата; Coincheck беше хакирана минатата година и беа украдени околу 50.000 BTC. Видеото ја раскажува приказната за тоа како повторно се издигна и стана една од 19-те регистрирани крипто берзи во Јапонија.

Најголемата Ponzi шема до денес е исто така вклучена во видеото. Bitcoin Savings и Trust, управувани од Trendon Shavers, украла приближно 265.675 BTC од своите клиенти. Уште една кражба од висок профил беше Bitfinex, кој изгуби околу 120.000 BTC. Видеото објаснува што се случило и таму.

Необичниот случај на Bitcoinica

Интересна серија на кражби се врти околу Bitcoinica, млада биткоин берза од 17-годишен претприемач и кодер наречен Жоу Тонг. Хакерите прво ја експлоатираа ранливоста во заедничкиот онлајн веб хоуст Linode и украле над 46.653 BTC од осум различни Bitcoin услуги во март 2012-та година, вклучувајќи и повеќе од 43.000 монети од Bitcoinica.

Пред Тонг да им ги врати парите на своите клиенти, берзата претрпе втор напад. Во мај 2012-та година, хакерите успеале да го испразнат hot wallet –от на берзата и корисничките средства на новиот сервер хоуст, Rackspace. Овој пат крадците успеале да избегаат со вкупно 18.547 биткоини, предизвикувајќи берзата да се затвори. Проблемите продолжија за Bitcoinica, по третиот хакерски напад два месеци подоцна и 40.000 монети кои припаѓаат на берзата и нејзините корисници кои се чуваа на Mt. Gox. исчезнаа. “Вкупно околу 100.000 биткоини биле украдени пред Bitcoinica да ги затвори своите врати истата година”, забележува видеото на Bitcoin.com.

За повеќе информации во врска со најголемите хакeрски напади во историјата на биткоин и како тие беа извршени, видете го видеото подолу.

Leave a comment