Најголемиот светски брод ги отвори своите врати за 2019 Coinsbank Blockchain крстарењето

Повеќе од 1000 членови на крипто заедницата се собраа за реномираната блокчејна конференција од 6-ти до 13-ти јуни на палубата на Oasis of the Seas на Медитеранот.

Меѓу темите на дискусија беа развојот на пазарот, проблемите со кои се соочува индустријата и регулативите против глобализацијата на блокчејн системот. “Ова е моето трето Blockchain Cruise и секогаш се забавувам. Презентациите се одлични, бродот овој пат беше апсолутно неверојатен, и среќен сум што ќе се вратам следната година ако сум поканет како говорник” изјави еден од учесниците од А листата, поранешен Вол Стрит трговец и консултант Тони Вејс. Исто така, агендата на четвртото Coinsbank Blockchain Cruise вклучуваше, меѓу другите активности, и говори од гувернерот претставник на Grand Bahamas, Дон Г. Корниш, коосновач на Wikipedia Лари Сангер, бизнис стратегот Гордон Ајнштајн, и многу други.

Ко-основачот и извршен директор на Coinsbank Виталиј Андрусевич, зборуваше на конференцијата уште првиот ден и го објави лансирањето на платежни картички, кои се достапни за повторна нарачка преку неговата платформа и беа ексклузивно презентирани за сите гости. “Ние бевме една од првите крипто платформи која овозможи пристап до фондови на крипто-паричници преку платежни картички. Мило ми е што објавувам дека ја враќаме оваа опција назад. Со задоволство ги разбираме потребите на нашите клиенти и ги испорачуваме ветувањата што ги правиме за нив “, изјави Виталиј.

Еден од најголемите крипто подржувачи, Џон МекАфи, беше најавен како главен гостин на настанот, но мораше да даде приоритет на неговата безбедност и затоа не можеше да биде присутен на бродот. Сепак, тој го одржа својот говор преку видео повик. “Многу ми е жал што не можам да бидам со вас уживајќи во прекрасното крстарење, сакам да го посетувам Blockchain Cruise  секој пат. Причината зошто не сум со вас е тоа што јас би бил уапсен од Интерпол и испратен во Америка да се соочам со обвиненија за даночно затајување.Јас сум сега во Куба и војната започна. Ве предупредив за ова уште пред две години, особено оние од нас кои зборуваа за тоа како криптовалутите може да не ослободат од владата, од банките , финансиски институции и сличните. Ако користиме приватни монети, владите нема да можат да собираат даноци, бидејќи нема да имаат поим за нашиот приход, а тоа е нашата цел”, истакнува МекАфи. “Проповедам финансиска слобода за поединци насекаде каде што можам – двапати претходно на овие крстарења, а уште еднаш и денес”.

Според Twitter профилот на МекАфи, тој неколку дена претходно објави дека неговиот двојник, Џеј Пизли, кој требаше да го одржи воведниот говор на Cruise Blockchain, исчезна седум дена пред крстарењето. Менаџерот за односи на МекАфи, Брус Хајделберг, го зазеде неговото место и беше отворен за коментари за моменталната ситуација. Тој започна преговори со Дон Г. Корниш, администратор на островот Бахами во Министерството за транспорт и локална самоуправа, во врска со идната соработка.

Покрај деловните состаноци и интензивната и сеопфатна агенда на бродот, ВИП гостите беа поканети на разни рекреативни активности, вклучително и турнеја со хеликоптер на островот Палма де Мајорка и екскурзија во Марсеј.

“Ова ми е прво крстарење од Барселона до Рим и тоа беше одлично искуство. Не станува збор за бројот, станува збор за квалитетот на луѓето. Се сретнав со некои водечки играчи во овој простор и тоа е доста. Јас остварив врски со важни личности во крипто и блокчејн индустријата, а дефинитивно ќе размислам за доаѓање и следната година”, изјави Рамеш Рамадос, претприемач и основач на BitCasas Inc.

Едно од изненадувањата на блокчејната конференција беше ненадејното појавување на Брок Пирс.

Меѓу генералните спонзори за четвртата годишна блокчејна конференција беа OneUp преносните внатрешни цевки кои се надувуваат при контакт со вода во облик на појас за спасување и комплетниот екосистем на блокчејн технологијата Skycoin.

За крстарењето

Blockchain Cruise’19 е еден од светските премиер блокчејни технолошки настани организирани од страна на провајдерот на блокчејн решенија Coinsbank. Компанијата, која е со седиште во Единбург, започна со услуги за настани во 2016-та година. Blockchain Cruise 2019 се одржа четврти пат тргајќи од Барселона во периодот помеѓу 9-ти и 13-ти јуни, а се укотвува во Рим. Глобалната конференција се одржа во Oasis of the Seas  со неколку запирања во Палма де Мајорка, Марсеј и Ла Специја. Настанот ги обедини крипто ентузијастите во 4-дневни панел-дискусии, мержни настани и бизнис разговори. Добро прифатени водечки медиуми, како што се BBC, Reuters, Forbes, Bloomberg, Mashable, Dailymail, Cointelegraph, FinYear покажаа интерес за концептот Coinsbank Blockchain Cruise 2019.

Leave a comment