Најголемиот Кинески оператор на електрични автобуси и блокчејн фирма склучија партнерство во вредност од 24 милијарди долари

Американската фирма за технологија Seven Stars Cloud Group (SSC) на 20-ти август објави дека склучила договор со најголемиот оператор за електрични автобуси во Кина за да обезбеди финансиски услуги користејќи ја блокчејн технологијата.

Во соопштението за печатот, SSC соопшти дека нивното партнерство со National Transportation Capacity Co Ltd (NTS) ќе трае три години и изнесува 24 милијарди долари.

На дел од Кинескиот електричен јавен транспорт му треба ремонт, а владата планира да ги замени сите традиционални автобуси со електрични возила до 2021-ва година.

SSC специјално ќе обезбеди “производи базирани на финасиски приход” преку својата регулирана мрежа, која за возврат ќе обезбеди NTS со регулаторни компатибилни блокчејн финансиски производи.

Претседателот на операторот, Џихонг Хуанг, изјави дека плановите ќе резултираат со “значајна трансформација на целиот фиксен приход на пазарот на финансирање на закуп” преку употреба на блокчејн и вештачка интелигенција (AI).

“Тоа претставува нова ера и промена на парадигмата во начинот на кој ги гледаме финансиските производи базирани на средства”, додаде Бруно Ву, претседател и извршен директор.

Интеграцијата на блокчејн во меѓувреме продолжува да расте кон врвот на многу од економските сфери во Кина. Од истражувањето со блокчејн платни системи од страна на Банката на Кина и UnionPay за данок на фактури, само во овој месец се забележани големи најави од државниот и од приватниот сектор.

“Секој од водечките десет производители на автобуси во Кина силно го поддржува NTS во оваа иницијатива, а успехот на оваа трансакција со SSC ќе ги стави цврстите дигитални понуди поддржани со средства на мапа”, додаде Хуанг.

Вредноста на целиот проект за замена на електрични возила во меѓувреме изнесува 1 трилиони јуани (45 милијарди долари).

Leave a comment