Најголемата Јужно Корејска телефонска компанија ја откри својата сопствена блокчејн мрежа

Државната KT Corporation, најголемата телефонска компанија во Јужна Кореја, го објави лансирањето на својата комерцијална блокчејн мрежа. Фирмата има изградено слој од блокчејн врз својата постоечка национална мрежа, со цел да стане “побезбедна и транспарентна”, според написот на The Korea Herald објавен во вторникот, 24-ти јули.

Весникот објави дека шефот на KT Blockchain Centre, Сео Јанг-Ил вели дека блокчејн технологијата може да се користи во телекомуникациите за побезбедно и поефикасно управување со податоци. Сео додаде:

“Целата поента за примена на блокчејн во мрежите е да ги реши проблемите со безбедноста и трансакцијата, со тоа што постоечките мрежи ќе бидат посигурни и доверливи.”

Со својата нова мрежа, КТ планира да им дозволи на своите индивидуални и корпоративни клиенти да ги складираат и пренесат своите дигитални податоци со “помалку ризици од хакирање”, пишува понатаму The Korea Herald. Мрежата има капацитет од 2.500 трансакции во секунда (TPS), во споредба со биткоин (BTC) 3 TPS и Ethereum (ETH) 15 TPS.

КТ Corp исто така планира да понуди роаминг услуги базирани на блокчејн со меѓународни мобилни оператори, како што е NTT Docomo, врвен Јапонски провајдер. Според The Korea Herald употребата на блокчејн ќе и овозможи на компанијата да ги калкулира сметките за роаминг во реално време и да ја подобри брзината на интернет конекцијата за корисниците.

KT Corporation се приклучи на Carrier Blockchain Study Group (CBSG), глобален блокчејн конзорциум на телеком компании чија цел е да се создаде екосистем за блокчејн со вкрстени носачи со исти способности како дополнување на [мобилен телефон], роаминг wallet, безбедно порамнување и исплата, апликации за лична идентификација и IOТ.”

Корејскиот пазар се очекува да порасне 20 пати повеќе во следните четири години – од 44 милиони долари во 2018-та година до 887 милиони во 2022-та година – објави The Korea Herald, цитирајќи го Министерството за информатичка и комуникациска технологија (ICT) во земјата.

Leave a comment