Најголемата Шпанска компанија за телекомуникации Telefónica, бара блокчејн претприемачи

Најголемата мултинационална компанија за телекомуникации во Шпанија, Telefónica, објави иницијатива за поддршка на претприемачите во иновативните технологии, како што се блокчејн и вештачката интелигенција (АI), според официјалното соопштение за печатот објавено на 19-ти февруари.

Компанијата со седиште во Мадрид, исто така еден од најголемите телефонски оператори и провајдер на мобилни мрежи во светот, го објави својот “прв отворен повик за иновации” оваа година преку подружницата за технолошки инкубатори, Telefónica Open Future. Едномесечната иницијатива има за цел да биде поддршка на стартапи и иновативни проекти кои се подготвени да ги “револуционизираат традиционалните екосистеми преку нови технологии”, како што се блокчејнот, АI, виртуелната реалност и big data. Во преводот на соопштението се вели:

“Овој повик е насочен кон зајакнување на растот на компаниите во териториите и екосистемите каде што веќе постои голем претприемачки талент”.

Telefónica Open Future е глобална платформа која има за цел да ги поврзе јавните и приватните институции фокусирани на иновациите и претприемништвото. Повикот за претприемачи ќе биде отворен до 20-ти март, а избраните стартапи ќе бидат промовирани и поддржани од мрежата Global Open Future и Telefónica, истакнува соопштението за медиумите.

Како што објавуваат медиумите, и покрај тековната крипто зима, истражувањето спроведено од Швајцарска крипто инвестициска фирма објави дека бројот на блокчејн стартапи продолжува да расте во Швајцарија и Лихтенштајн.

Според неодамнешниот извештај, водечката телекомуникациска компанија во Јужна Кореја, KT Corporation, е избрана за да развие локална криптовалута во Јужнокорејскиот град Гимпо.

Leave a comment