Најголемата компанија за телекомуникации во Јужна Кореја ќе развива локална криптовалута

Водечката компанија за телекомуникации во Јужна Кореја, KT Corporation, е избрана за развивање локална криптовалута во Јужнокорејскиот град Гимпо, објави локалниот медиум ZDNet Korea на 14-ти февруари.

Криптовалутата наречена “K token” – наводно ќе се воведе во април, откако ќе се спроведе тест-проект следниот месец, се вели во извештајот. Градот планира да издаде 11 милијарди вонови во износ од над 9,7 милиони долари годишно, што вклучува буџети за разни социјални услуги и развојни проекти.

Наводно, валутата заснована на блокчејн ќе биде достапна само за трговци во областа Гимпо. Како што известува ZDNet, системот ќе дозволи исплати со скенирање на QR-кодови, а трговците може да побараат средствата да се претворат во fiat и да се пренесат на нивните банкарски сметки без да се наплаќаат такси.

Според ZDNet, КТ планира да ја прошири криптовалутата кон локалните влади кои се согласиле да ја пробаат шемата, врз основа на перформансите на монетата во Гимпо.

Шефот на блокчејн центарот и постар заменик претседател на КТ, Јеонг-Ил Ѕео, е цитиран во статијата дека воведувањето на локална валута “ќе придонесе за ревитализација на регионалната економија”.

Слично на ова, како што објавија медиумите вчера, IT тимот на Jужнокорејскиот технолошки гигант Samsung објавија дека развиле технологија која ќе ги забрза блокчејните трансакции преку својата блокчејна платформа.

Исто така, неодамна беа објавени информации дека Јужнокорејскиот град Бусан, вториот најнаселен град во земјата, потпиша Меморандум за разбирање со блокчејната компанија Hyundai Pay за да помогне во развојот на fintech инфраструктурата во оваа област.

Leave a comment