Национални криптовалути: иновација што никој не ја сака

Од доаѓањето на Биткоин и altcoins, секоја година што поминува, носи со себе мноштво гласини и протекување на инфо во врска со развојот на националните криптовалути – јавни блокчеjни дизајнирани за употреба во една земја, или се користат заедно со националните fiat валути или потенцијално дури и ги заменуваат. Постојат два начини на кои ова теоретски може да се случи: независни девелопери создаваат валута која станува толку популарна што владата ја усвојува, или самата влада истражува и развива сопствена валута. Вториот начин веќе се случил, иако без многу успех според досегашните резултати. Вреди да се спомне дека, иако овие валути можат да бидат stablecoins – токени врзани 1:1 со fiat валутата со која се поврзани – ова не е предуслов. Слично на тоа, постојат многу stablecoins, кои не се национални криптовалути.

Фер е да се каже дека во овие 9 години од кога постои блокчејн, ниту една таква национална криптовалута не видела ни нешто приближно до широко распространетото усвојување, и како што се случувало многу очекувани национални блокчејни сѐ уште не се реализирале и можеби никогаш и нема. Оваа статија ќе пренесе конкретна причина за ова, но прво ќе погледнеме пет значајни постоечки, претстојни или шпекулирани национални криптовалути за да имате подетален преглед кон ситуацијата.

Исланд: Auroracoin

Auroracoin се појави веднаш по првата голема фаза на свесност околу Биткоин, на почетокот на 2014-та година. Исландската влада оддамна е непријателски настроена кон криптовалутите, но нејзините граѓани имаат некои од најниските нивоа на доверба во банкарските институции и најверојатно, како резултат тоа имаат релативно високи нивоа на интерес во блокчејн технологијата и криптовалутите. Девелопер под псевдонимот “Baldur Óðinsson” (што во превод би значело брат на Норвешкиот бог Тор), првично ја развил валутата како клон на Litecoin и дистрибуирал половина од монетите за сите регистрирани Исландски државјани. Гледана во голема мера како новина, само 10% од Исланѓаните ги превземаа своите Auroracoins и цената брзо опадна. Не беше прифатена од централната влада на Исланд, и се случи токму спротивното, министрите изјавија дека се сомневаат дека Аuroracoin  можеби е измама – тврдење за кое постојат докази.

Венецуела: Petro

Социјалистичката влада на земјата, предводена од претседателот Николас Мадуро, лансираше сопствена национална криптовалута и се обидува да ги принуди трговците да ја прифатат, и покрај тоталниот недостаток на меѓународни берзи кои всушност ја прифаќаат. Ова не е изненадувачки, бидејќи валутата е создадена првенствено за да се избегнат санкциите наметнати од САД и останатите кои ја уништија нејзината економија. Првично се продава како stablecoin, врзан за вредноста на нафтените резерви на нацијата, се претпоставува дека по котирањето на берзите ќе биде оставено на пазарот на шпекулации.

Во еден бизарен потег, владата на Мадуро во август 2018-та година ја девалвираше својата национална девизна валута, боливарот, за 95 отсто и со тоа ја врза за Petro. Значи сега имаме девизна валута поврзана со криптовалута (наводно) поврзана со нафта. Ова го поткопа стереотипот дека социјалистите не разбираат како функционира економијата. Petro можеби е првата официјална национална криптовалута, но таа не постави голем пример за другите да го следат.

Обединети Арапски Емирати: Emcash

Како дел од пошироката стратегија за правење на Дубаи паметен град со силна блокчејна интеграција, emCredit дизајнираше криптовалута за да им се понуди на граѓаните со придружна апликација за паричник наречена emPay. Ова беше пријавено уште во октомври 2017-та година, но конкретните детали не се доволни и датум за лансирање не е утврден. Се шпекулира дека emCash ќе делува како stablecoin врзан за дирхамот, а производителот Pundi X развива системи за да овозможи крипто купувања во продавниците. Се чини дека се работи доста на случајот, и може да видиме лансирање во 2019-та година.

Кина

Во летото 2018-та година, финансиските медиуми ги поттикнаа хиперболичните објави дека Јавната банка на Кина ќе започне сопствена криптовалута и дека најверојатно ќе стане поголема од Биткоин за кратко време. Постојат некои докази дека PBOC може да се движи во таа насока: редовно се известува дека централната банка тестира модел за потенцијален крипто јуан и, пред сè, објави меморандум во октомври 2018-та година, во кој се дискутира за потенцијалот за таква валута поддржана од владата, наведувајќи дека прво треба да се тестира на мал степен. Тоа е вообичаена практика за имплементација на политиките во Кина: тестирање на промени на ниво на град, потоа на ниво на покраина, и на крајот ако има успех ќе се тестира на национално ниво. Доказ против оваа вест е дека моментално има недостаток на какви било нови вести за таков тест. Социјалниот кредитен систем на земјата, споредбено, беше објавен во 2014-та година, започна со тестирање во Жинан во 2017-та година и се очекува да има широк ефект во 2020-та година. Со оглед на веројатниот сличен обем помеѓу ова и националната криптовалута, сугерира дека нема да видиме промоција за половина деценија или слично. Во комбинација со речиси целосното преовладување на платежните платформи Alipay и WeChat во повеќето мегаградови во Кина, сосема е можно никогаш да не видиме крипто-јуани поддржани од државата.

Русија

Појавата за “крипто рубља” може да биде дури и повеќе од само шпекулација. Руското Министерство за финансии и Централната банка разговараа за овој концепт уште од 2016-та година, но оттогаш имаше конфликтни извештаи од највисоки официјални претставници кои ја нарекоа идејата “технолошки хулиганизам” поттикнати и од наредбата на Владимир Путин за истражување кон таква цел. Најконкретни информации за оваа тема дојдоа оваа година, кога Комитетот на Државната Дума за финансиски пазари објави дека размислува за stablecoin финансиран од рубљата. Повторно, ништо конкретно не се случи, а валутата сè уште ќе биде жртва на девалвација во споредба со американскиот долар, за кој веќе постојат stablecoins.

Дали националните валути се иднината?

Не, веројатно не. Сè уште сме во раниот животен циклус на блокчејн технологијата, но експериментите со националните валути до денес не ја инспирираат довербата, ниту предизвикуваат забележливо двоумење на владите кои ги имаат предвид. Федералните резерви на САД во неколку наврати изјавиле дека воопшто не се заинтересирани околу идејата за национална валута, што не претставува многу изненадување. Праведно е да се каже дека повеќето влади или не сакаат национални криптовалути, или барем не сакаат да ги трошат ресурсите неопходни за нивно воспоставување, можеби сугерирајќи дека нивните истражувања укажуваат на тоа.

Што се однесува до интересите на граѓаните, Исланд ни покажа дека повеќето луѓе не ја прифатиле својата валута кога била бесплатна, а пазарот го поддржал истото кога нејзината цена и обем на тргување се распаднале. Дури и застапниците на криптовалути имаат мал интерес за таков развој, бидејќи тие се фундаментално спротивни на централната точка на блокчејн технологиите што се појавија со Биткоин. Навистина, зошто граѓаните би сакале валута со сите компликации и ризици што ги носи крипто, а ништо од користа за приватност или слобода на избор? Со сето ова на ум, не е воопшто чудно што возбудата околу националните криптовалути драматично се намали од една едноставна причина: стана јасно дека никој не ги сака.

Leave a comment