Националниот Швајцарски железнички оператор го комплетира блокчејн тест системот за идентификација

Националната железничка компанија на Швајцарија има завршено proof of concept (PoC) за “самостоен” систем за управување со идентитет базиран на блокчејн, според соопштението за печатот.

Производот на Швајцарските федерални железници (SBB) беше развиен од Linum Labs, фирма со седиште во Швајцарија фокусирана на изградба на децентрализирани системи, имплементирајќи го протоколот за управување со идентитет базиран на Ethereum uPort, кој беше развиен делумно со блокчејн инкубатор ConsenSys.

Според соопштението, тестовите на системот за управување со лични документи базирани на блокчејн – кој требаше да го користат работниците на градилиштата на транспортната компанија – беа спроведени од мај до ноември оваа година. Самиот проект е дизајниран да ја зголеми ефикасноста на процеси кои претходно биле базирани на хартија во “агилно работно опкружување со дигитално, ревизорски докажано блокчејн решение”.

Во текот на тестирањето, работниците ги креираа своите дигитални идентитети во uPort-апликацијата на нивните паметни телефони, кои подоцна ги користеа за да се пријават и излегуваат од градилиштата каде што работеле. Системот го потврди присуството на работниците на градилиштата, како и нивната обука. Блог постот на Linum Labs од 12-ти ноември вели:

“Авто-суверен блокчејн за идентификација е добро прилагоден за овој случај на употреба, бидејќи работниците треба да бидат способни да го пренесат својот идентитет од една компанија во друга и ниту една конкретна компанија не треба да го поседува или да управува со него. Покрај тоа, постојат повеќе компании кои издаваат сертификати.”

Блокчејн е во подем во транспортната индустрија во изминатите неколку месеци. Во мај, Швајцарското раководство за аеродроми и карго компанијата Swissport објавија дека лансираат блокчејн тест-програма за своите операции за ракување со товарот. Хендрик Лејсенс, раководител на глобалните товарни операции во Swissport, изјави дека блокчејн може да ги забрза трансакциите, да ја подобри безбедноста и да помогне во намалувањето на оперативните трошоци.

Во септември, Lloyd’s Register, Британско претпријатие за класификација на технолошки и деловни поморски бизниси, создаде блокчејн регистар за бродови. Со примена на новиот “Класен регистар”, компанијата има намера да ја зголеми класификацијата и регистрацијата на новите бродови, како и да отпочне прототип на нејзината регистерска услуга базирана на блокчејн.

Leave a comment