Народната банка на Канада тестира пробен блокчејн за борба против “комплексните” процеси

Една голема Канадска комерцијална банка ќе користи блокчејн за поедноставување на процесот што банките го користат за издавање трансакции, се вели во соопштение за печатот на 21-ви октомври.

Во партнерство со фирмата за IT и бизнис консултантски услуги CGI и блокчејн стартапот Skuchain, Народната банка на Канада (NBC) планира да ги искористи паметните договори со цел да ги замени постојните процедури базирани на е-мејл.

Решението се состои од комбинација на платформата на CGI наречена Trade360 и софтвер за создавање на паметни договори на Skuchain, врз основа на блокчејните платформи на Brackets.

Заедно, ќе го “подобриме времето за обработка, ќе ги намалиме ризиците и ќе помогнеме во зајакнувањето на односите со клиентите на банката”, се вели во соопштението.

“Овој пробен тест-проект е одлична можност да се искористи блокчејн технологијата за да се поедностави процесот за преговарање со резервни акредитиви и гаранции, правејќи го потранспарентно и посигурно”, изјави Патрис Рој, потпретседател за плаќања, управување со готовина и меѓународни решенија во Народната банка на Канада кој даде свој коментар:

“Ова ќе ни овозможи да понудиме едноставно, брзо и ефикасно искуство за нашите комерцијални клиенти и полесно управување со нивниот бизнис”.

Ова не е прв проект кој оваа година ќе го вклучи NBC. Во април, банката беше еден од првичните тестери на блокчејн платформата на JPMorgan, Quorum, насочена кон издавање на финансиски алатки.

Во тоа време, портпаролот на NBC ја опиша технологијата како “потенцијал да доведе до големи промени во индустријата на финансиски услуги”.

Leave a comment