Над една третина од Германските големи бизниси ја сметаат блокчејн технологијата подеднакво влијателна како Интернетот

Според едно неодамнешно истражување, повеќе од една третина од големите бизниси во Германија ја сметаат блокчејн технологијата подеднакво револуционерна како Интернетот, објави Cointelegraph auf Deutsch, на 4-ти декември.

Покрај вештачката интелигенција (AI) и  Internet of things (IOT), блокчејн  технологијата е една од сегашните три области на развој со “огромен потенцијал”, се вели во истражувањето.

Истражувањето покажа дека во целост, 15 отсто од Германските компании сметаат дека блокчејнот “ќе го промени општеството и економијата колку што го направи тоа Интернетот”. Поголемите компании со 500 или повеќе вработени, беше двојно поверојатно да го имаат тоа мислење, со 36 отсто.

Во исто време, околу 46 отсто од анкетираните компании ја класифицираа Германија како “новодојденец” во блокчејн приемот, заостанувајќи зад другите нации. Големиот дел од испитаниците, 40 отсто, рекоа дека земјата не ја гледаат како водач, туку некаде во средината, во смисла на блокчејн развојот.

Bitkom спроведе опширни анкети на бизниси и на Германската јавност во врска со криптовалутите, блокчејн и како тие се перцепирани. Кон крајот на ноември, истражувањето на Bitkom откри дека околу 60 отсто од локалните компании се двоумат за приближување кон темата за блокчејн, главно поради претставениот недостаток на практични намени.

Во февруари 2018-та година, друга анкета на Bitkom откри дека 64 отсто од Германците биле свесни за Биткоин (BTC). Според извештајот, свеста е двојно зголемена од 2016-та година. 4 проценти од испитаниците всушност поседувале биткоин монета, додека 19 проценти имаат идеја како да ја купат влијателната криптовалута, а 72 проценти изјавиле дека немаат интерес за дигитална валута.

Во врска со економското значење на криптовалутите и блокчејн, извршниот директор на Bitkom, Бернхард Роледер изјави:

“Биткоин и другите криптовалути се добар пример за тоа како дигиталната ера може да го смени финансискиот свет.Ова не е толку во врска со самата индивидуална валута, како што е за основната технологија на блокчејн.Тоа ќе има влијание врз целата економија.”

Leave a comment