Мрежата на киосци за самопослужување ќе и овозможи на јавноста да плаќа сметки и да купува во крипто

Блокчејн компанија ги обелодени плановите за промовирање на глобална мрежа на киосци за самопослужување – овозможувајќи им на милиони луѓе низ целиот свет кои немаат сметки во банка, да плаќаат сметки, да купуваат и да пристапуваат до други финансиски услуги.

KIBIS велат дека голем број на услуги се достапни преку нивните киосци. Потрошувачите можат да платат за гас, вода и електрична енергија, да резервираат авионски билети и да ги проверат деталите за летот, да се претплатат на ТВ претплата, како што се Amazon Prime и Netflix, и да купат припејд ваучери за себе или за своите сакани. Начинот на плаќање прифатен од киосци за самопослужување ќе бидат пари и криптовалути во дозволените земји. Други начини на плаќање ќе станат достапни во догледно време.

Платформата се здружи со стотици мобилни оператори, овозможувајќи им на јавноста да ги надополнат своите смартфони по барање, а исто така ќе бидат во можност да донираат во добротворни цели  директно од киоскот. Во обид да помогнат да се поттикне мејнстрим прифаќањето на криптовалутите, потрошувачите исто така ќе можат да инвестираат во gift cards за крипто берзи.

Ќе се користи блокчејн мрежа со висок капацитет за обработка на трансакции, со мрежа за плаќање на е-паричници што ќе следи во иднина. За да се осигураат дека KIBIS може да работи во разумна мера, ќе се креира страничен синџир кој ќе се поврзе со главната мрежа на Ethereum.

Приливи на приходи

Како и приходите добиени од надоместоците за трансакции, KIBIS велат дека нивните киосци нудат два дополнителни извори на приходи. Рекламниот екран може да се најде на врвот на секој киоск – и со оглед на тоа што овие машини ќе бидат достапни во целиот свет, компанијата е уверена дека тоа би можело да создаде голема побарувачка од бизнисите во околина.

Машинска опрема со “висока ефикасност”, исто така, ќе биде вградена во секој киоск на KIBIS, со тоа што секоја машина ќе има пристап до низок извор на електрична енергија. Со текот на времето, фирмата вели дека ова ќе создаде голем фармачки базен во земји испреплетен низ целиот свет. “Мулти алгоритамска фармачка платформа” ќе се користи за да се обезбеди енергија посветена на фармањето на најпрофитабилните монети во секој даден период – потег што KIBIS вели дека ќе го “максимизира враќањето на инвестицијата”.

Киосци за самопослужување веќе може да се најдат насекаде околу светот, вклучувајќи ги и Обединетите Арапски Емирати, Украина, Русија, Обединетото Кралство, Азербејџан и други земји низ цела Источна Европа. Овие машини исто така ќе имаат корист од новата KIBIS опрема за фармање. Компанијата предвидува дека секој киоск распореден во наредните години – чива бројка може да биде до 18.000 – исто така ќе биде опремен со оваа инфраструктура.

Клучни случувања

Јавната препродажба за KIBIS започнува на 10-ти декември 2018-та година, а ова ќе биде проследено со целосна ICO.

Гледајќи во иднина до 2019-та година, KIBIS планира да започне со нарачка на производство на киосци со вградена опрема за фармање, која ќе биде наменета за Обединетите Арапски Емирати, како и потпишување на договори со локациите каде што ќе се градат киосци. Исто така ќе биде лансиран фармачки базен, а работата за развој на платформата за обработка на плаќања базирана на блокчејн, треба кај и да е да започне.

Кон крајот на следната година, KIBIS се надева дека ќе започне со распоредување на киосци во Оман – и ќе започне со развојот на е-паричниците што ќе ги користат корисниците, кој може да се пофали со повеќе од 2.000 услуги. Потоа треба да следат Бахреин, Саудиска Арабија и Кувајт.

Leave a comment