Москва планира да ја употреби блокчејн технологијата во електронското гласање за парламентарните избори

Градскиот совет на Москва, главниот град на Русија, поднесе предлог-закон за користење блокчејн технологија за електронски систем за гласање, објави главната Руска новинска агенција Tass во вторникот, 26-ти февруари.

Московската Градска Дума, локален парламент на Рускиот главен град, планира да го заштити процесот и резултатите од електронското гласање на претстојните избори преку употреба на блокчејн технологија. Веста беше објавена од еден од авторите на релевантниот предлог-закон, заменик на владејачката партија Обединета Русија, Дмитриј Вјаткин.

Вјаткин истакна дека технологијата ќе овозможи посебно складирање на личните податоци на гласачите и резултатите од гласањето, додавајќи: “Ќе биде невозможно да се поврзат. Ова е токму тоа како функционира блокчејн  технологијата”. Тој, исто така, истакна дека тоа ќе помогне да се избегне изборна измама, кои заменикот ги нарече “валкани изборни технологии”.

Како што беше објавено на 18-то декември, Русија спроведе успешни регионални избори со 40.000 учесници во Саратовската област преку електронски избирачки систем управуван од блокчејн, наречен Polys, кој беше развиен од страна на Kaspersky Lab  во 2017-та година.

Минатиот месец Националниот центар за електроника и компјутерска технологија на Тајланд го објави развојот на електронскиот систем за гласање, исто така, поддржан од блокчејн технологија.

Leave a comment