Морнарицата на САД започна со блокчeјн истражување во мисијата за подобрување на системот за следење

Командата на американската морнарица го истражува потенцијалот на блокчејн технологијата во следењето на авионите.

Naval Air Systems Command (NAVAIR) – која обезбедува материјална поддршка за воздухопловниот системите за наоружување на морнарицата – објави во соопштението за печатот во петокот дека испитува дали блокчејнот може поефикасно и поекономично да ги следи авио-деловите низ нивниот животен циклус отколку со тековните методи.

“Познавањето на потеклото и историјата на деловите критични за авионите е процес кој одзема ресурси и ги зголемува трошоците за ракување со воени авиони”, објаснува NAVAIR.

Со постојните системи, по испораката, деловите се следат со користење на процес базиран на хартија и рачно се евидентирани во базата на податоци. Сепак, поморската команда започна со истражувања кои се надеваат дека ќе ги префрлат процесите на Naval Aviation Enterprise на дозволениот блокчејн.

Тимот во Fleet Readiness Center Southwest на NAVAIR соработуваше со Indiana Technology and Manufacturing Companies (ITAMCO) за да го користи својот SIMBA Chain – блокчеин-како-сервис платформа развиена во соработка со DARPA.

Со договорот, морнарицата посебно ги следи протоколите на синџирот на SIMBA за кои вели дека може “брзо и безбедно да се повикаат на големи множества на податоци.”

На крајот на краиштата, партнерите се надеваат дека ќе развијат концептуална рамка за блокчејн систем за синџирот за снабдување со кој би обезбедувал транспарентност и безбедност.

Proof-of-concept ќе биде синџир со консензусен механизам кој NAVAIR вели дека бара помалку компјутерска моќ од proof-of-work системите, што се користат од протоколи како биткоин.

Според соопштението, постојат проблеми за надминување. Дистрибуиран синџир на снабдување ја зголемува ранливоста кон надворешни хакерски напади, па затоа сајбер-безбедноста е во фокус.

Со поврзувањето на експертите рано во развојот на можни архитектури, командата на морнарицата изјави: “властите подобро ќе го разберат ризикот и наградata на поврзан дистрибуиран систем”.

Тимот кој работи на истражувањето верува дека зголемената транспарентност и следење на блокчејниот систем ќе му помогне на NAVAIR да ја поддржи Naval Air мисијата со зголемен акцент на безбедноста и по намалени трошоци, додава тој.

Минатиот јуни, иновативната рака на американската морнарица, исто така, работеше на тестирање на блокчејн потенцијалот во обезбедувањето дополнителна сигурност во своите системи зa 3D печатење.

Тестирањето, предводено од Naval Innovation Advisory Council, се вели дека користи блокчејн за да формира слој за споделување податоци помеѓу различните 3D печатарски места на морнарицата.

Leave a comment