Може ли Доналд Трамп да забрани биткоин и криптовалути?

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, теоретски може да ги забрани Биткоин и криптовалутите, но во реалноста да е случи таквата забрана веројатноста е многу мала, според неодамнешната дискусија во крипто сферата.

Дискусијата беше предизвикана од твитовите на Трамп, каде што изрази вознемиреност за Биткоин, Libra и други конкуренти на американскиот долар. Покрај тоа, некои членови на американскиот конгрес веќе изработија нацрт-закон наречен “Keep Big Tech Out of Finance”, кој има за цел да го спречи создавањето на новата криптовалута на Facebook.

Во меѓувреме, според економистот и трговец Алекс Кругер, Уставот на САД го штити Биткоин кодот бидејќи е форма на слободен говор кој е заштитен со Првиот амандман. Како резултат на тоа, да се направи Биткоин нелегален е еднакво на тоа да се забрани слобода на говор и затоа е неуставен.

Сепак, регулаторите имаат целосна моќ да “ги заштитат” инвеститорите од тргувањето на биткоин пазарите со таргетирање и изолирање на девизните платформи за малопродажните и институционалните инвеститори. Тоа ќе послужи за отстранување на поголемиот дел на ликвидност од локалните биткоин пазари.

Алтернативно, Трамп може да издаде извршна наредба со која им се забранува на граѓаните на САД да се занимаваат со биткоин, како што направил со Венецуелската криптовалута Petro. Покрај тоа, Трамп може да удри по девизните-крипто берзи со едноставна забрана на банките да им служат. Некои од банките во САД веќе го прават тоа.

Накратко, целосна забрана за биткоин и криптовалути во САД е можна во теорија, но многу малку веројатна. Покрај тоа, тоа би можело да значи дека Трамп може да изгуби милиони негови поддржувачи. Меѓутоа, ако тоа се случи, Кругер предвидува брзо и огромно опаѓање на биткоин пазарот.

Владата на САД и регулаторните санкции од други земји не се единствените закани за Биткоин, бидејќи постојат и други теоретски сценарија кои би можеле потенцијално да го убијат Биткоин.

Leave a comment