Милиони нови инвеститори би можеле да се вклучат во крипто сферата

Ако гласините за две главни онлајн платформи за тргување – TD Ameritrade и E*Trade – се покажат како вистинити, милиони нови инвеститори ќе добијат нова изложеност на криптовалути, што би можело да го засили целиот пораст на пазарот.

Е * Trade се подготвува да им дозволи на клиентите да тргуваат со биткoин и етереум на својата платформа и ќе размислат за додавање на други монети во иднина, објави Bloomberg, цитирајќи го лицето кое е запознаено со ова прашање. Компанијата одби да коментира.

На крајот на третиот квартал од 2018-та година, компанијата имала речиси 6 милиони кориснички акаунти, според нивниот финансиски извештај.

Во меѓувреме, минатата недела, во крипто сферата се шпекулираше дека TD Ameritrade, исто така, може наскоро да понуди крипто тргување, бидејќи тие, наводно, почнале да ја тестираат трговијата со хартија, која е симулирана форма на биткоин и litecoin тргување, без всушност купување или продавање на монетите за реални пари.

Додека TD Ameritrade не коментираше многу за оваа вест, нивниот персонал, наводно, му кажале на Twitter корнисникот Cryptopolis дека “Единствените продукти поврзани со биткоин кои ги тргуваме се биткоин фјучерси под / XBT”.

Творецот на Litecoin Чарли Ли очигледно ги потврдил овие информации на Twitter, велејќи: “Штотуку видов дека TD Ameritrade ги тестира и BTC и LTC тргувањето на својата брокерска платформа”, а потоа одговори на скептичните коментари со: “Тоа е преку мојот TD Ameritrade ThinkOrSwim акаунт. Тоа е тргување со хартија, па тие се само ја тестираат во моментов, но постои со сигурност”.

https://twitter.com/SatoshiLite/status/1120691824081793024/photo/1

TD Ameritrade  обезбедува инвестициски и трговски услуги за 11 милиони кориснички акаунти, кои содржат повеќе од 1 трилион американски долари во средства, како и сопственички услуги за повеќе од 6000 независни регистрирани инвестициски советници, според веб-страницата на компанијата.

Исто така, компанијата вели дека, секогаш бараат нови можности “TD Ameritrade Holding Corporation инвестира во ErisX-иновативна компанија која планира да им понуди на трговците пристап до склучени спогодби за криптовалути, како и договори за фјучерси, на една берза. […] кога ErisX ќе го комплетира својот развој на производот и ќе добие регулаторно одобрување.”

Ако овие извештаи се вистинити, двете трговски платформи ќе се приклучат на стартапи како Coinbase и Robinhood, станувајќи два од најголемите брокерски центри за хартии од вредност кои ќе овозможат крипто тргување и можеби ќе привлечат повеќе millennial клиенти, како и да обезбедат поттик за други трговски платформи да ги вклучуват криптовалутите. Понатаму, се проценува дека овој потег може да помогне да се легитимизира крипто тргувањето и да се доближи истото до мејнстримот, со што целата таа област би се сменила и ќе се внесат повеќе инвеститори во истата.

Leave a comment